post

Како лидерите можат да ги подобрат вештините на членовите на тимот?

Како еден претприемач вие сте тим лидер кој постојано ќе треба да работи на зголемување на нивото на вештини на членовите на вашиот бизнис.

Вашиот сопствен успех како тим лидер во голем дел ќе зависи од успехот на членовите на вашиот тим. Тие треба да бидат доволно вешти за да излезат во пресрет на предизвиците на тимот, но исто така треба да бидат доволно мотивирани за да го дадат најдоброто во севкупните напори на тимот.

Како можете да ги подобрите вештините на членовите на вашиот тим?

Оваа е важно прашање за секој претприемач.

Да се обидеме да одговориме или да дадеме некои совети кои можете да ги користите во подобрување на вештините на вашите вработени.

1. Треба да имате јасна визија за иднината на вашиот тим

Се започнува со вашата сопствена претприемачка визија трансформирана преку призмата на вашиот бизнис и тимот кој ќе работи во вашиот бизнис. Не можете да очекувате да бидете перфектен лидер доколку не знаете каде вашиот тим треба да биде во иднината.

2. Бидете јасни за онаа што вашиот тим треба да направи

Кога ја знаете визијата на вашиот тим, лесно можете да започнете со дефинирање на работите кои треба да бидат изведени од страна на тимот.

Запомнете дека онаа што вашиот тим ќе треба да го направи мора да биде во согласност со вашата визија за иднината на вашиот тим.

3. Дефинирајте ги сите задачи кои треба да бидат завршени

Вашата задача како тим лидер е остојано да поставувате различни задачи кои треба да бидат завршени од членовите на тимот. Едноставно, започнувате со поопштите работи кои реба да бидат завршени и потоа расчленети во различни задачи кои реба да бидат завршени од различни членови на тимот.

4. Бидете доволно паметни при комбинирање на задачите пред да ги делегирате

Сега е вистинската работа за еден тим лидер. Знаењето како да се комбинираат различните задачи кои треба да бидат делегирани на различни луѓе како членови на вашиот тим е навистина важно за вас како еден претприемач.

Практичната имплементација на различните задачи од различни членови на тимот е една од најдобрите начини за подобрување на вештините на членовите на вашиот тим.

5. Оценете ги способностите на членовите на вашиот тим

Различни луѓе можат да завршат различни работи со различен квалитет од нивната работа. Мора да бидете свесни за различните способности на членовите на вашиот тим. Оваа знаење ќе ви каже каде треба да ги насочите вашите напори за подобрување на специфични вештини за специфични членови на тимот.

6. Тренирајте ги кадрите за да ги подобрите нивните вештини

Вашата задача не само да ги менаџирате членовите на тимот. Вашата задача како тим лидер исто така е да ги тренирате заради подобро завршување на нивните задачи. Не можете да очекувате да делегирате задачи на лица кои ги немаат неопходните вештини за нивно завршување.

7. Секогаш поставувајте им остварливи тагрети

Поставување на таргети е едно од најефективните начини за имплементација на развој на вештини на членовите на вашиот тим. Мора да бидете сигурни дека таргетите се остварливи за членовите на вашиот тим.

8. Пофалете ги на еден ефикасен начин

Еден ефикасен начин за мотивирање на членовите на вашиот тим за да секогаш работат на подобрување на нивните вештини е да испорачате пофалба за нив веднаш по завршување на некоја од задачите и нивните вештини се подобрени.

9. Користете награди како алатка за мотивација

Наградите се важни мотивациски алатки особено кога се дадени по неочекувани постигнувања на членовите на тимот. Неочекуваните постигнувања се нешто што ќе ви каже дека вашиот тим има развиено нови вештини и затоа постигнале нешто над очекувањата.

10. Користете неформални состаноци заради споделување на знаењето.

Ефективна стратегија за континуирано подобрување на вештините на вашиот тим е да организирате неформални состаноци каде сите членови на тимот може да ги споделат нивните искуства и знаење со секој друг член.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. BENYAMIN says:

    da svee vo red ama nay golem del e problle na finasiski sredsava

Speak Your Mind

*