post

Како твоите соништа да станат реалност?

Сите ние имаме соништа. Сакаме да биднеме нешто, да постигнеме нешто, да успееме во нешто… Сите сакаме нешто за утре што го немаме денес! Тоа се нашите соништа.

Можеби имаш сон да станеш претприемач. Можеби сонот ти е да го направиш твојот бизнис успешен.

Но, соништата се вредни само доколку станат реалност. Само тогаш можеш да ги почувствуваш бенефитите од твоите соништа.

Како твоите соништа да станат реалност.

#1 Точно знај и биди сигурен во тоа кои се твоите соништа

Нема да можеш да ги оствариш соништата доколку не си 100% сигурен за нив. Како можеш да постигнеш нешто доколку не знаеш точно што е тоа нешто. Дури и најмала “магловитост# може да те спречи во реализацијата.

  • Ги знаеш ли твоите соништа?
  • Можеш ли да ги идентификуваш?
  • Можеш ли да ги опишеш?
  • Можеш ли да ги покажеш?

#2 Што треба да направиш за да твоите соништа станат реалност?

Кога веќе ги знаеш точно твоите соништа, или оние најприоритетните, веќе можеш да го исцрташ патот кој во иднина ќе треба да го поминеш за да тие соништа станат реалност.

  • Можеш ли да го нацрташ патот?
  • Можеш ли да го опишеш патот?
  • Можеш ли да го покажеш патот?

#3 Кои се најголемите препреки на тој пат?

Секогаш, секогаш, секогаш ќе имаш нешто како препрека што ќе те запира или успорува на твојот претприемнички пат. Мора да ги знаеш најголемите препреки кои те запираат во постигнување на успехот на твојот претприемнички пат и остварување на твоите соништа.

  • Зошто сеуште не си успеал со твоите соништа?
  • Можеш ли да составиш една листа со најголемите препреки?
  • Можеш ли да ги приоритизираш препреките од листата?

#4 Како можеш да ги елиминираш најголемите препреки?

Кога знаеш што е она што те запира со твоите соништа, мора сето тоа да го елиминираш доколку сакаш да успееш.

  • Од каде треба да започнеш?
  • Кои акции треба да ги преземеш?
  • Кога треба да ги преземеш тие акции?
  • Можеш ли да дадеш јавна изјава дека ќе ги спроведеш тие акции?

#5 Прекини со сонување, започни да имплементираш!

И конечно, мора да прекинеш со сонување. Соништа кои не се остварени, нема да ти донесат ни тебе ни на твојот бизнис успех. Луѓето кои само сонуваат не се претприемачи. Претприемачи се лица кои успеавтаа нивните соништа да ги претворат во реалност.

Како твои соништа да станат реалност?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*