post

Кампања со директна пошта во 12 чекори

Директна пошта е важен дел од вашата стратегија за стекнување на нови купувачи и задржување на постоечки купувачи.

Користите ли директна пошта како маркетинг средство за вашиот бизнис?

Следниве чекори ќе ви помогнат во започнување и подобрување на вашите претприемачки напори во однос на директна пошта како едно маркетинг средство за вашиот мал бизнис.

Успехот на оваа маркетинг средство се базира на вашата претприемачка креативност, тестирање и прилагодување на сите елементи од вашата кампања, наместо чекање успехот да се појави со самата кампања.

Можеби некој ќе ми каже дека не вреди сега да се пишува за директна пошта. Дваесет и први век, интернет, маркетинг преку е-пошта, социјални медиуми… Сето тоа држи вода. Но, како и секогаш кога станува збор за претприемништвото секогаш постои некако “но”, традиционалните маркетинг средства сеуште може да одиграат важна улога во креирање на успехот на вашата компанија.

Зошто? Не би сакал во овој наслов да навлегувам, но имам подготвена една драфт верзија на пост за Entrepreneurship in a box во која се наведени причините за сеуште големата важност на директна пошта која ќе биде објавена и тука на претприема. Тогаш ќе дискутираме за тие елементи.

Сега да се вратиме на темава. Тука би сакал да презентирам 12 различни чекори кои ќе ви помогнат во вашите напори да ја оптимизирате кампањата со директна пошта и да го зголемите повратокот на инвестиција преку стекнување на повеќе купувачи, обезбедување на поголем приход и поголема профитабилност за вашиот бизнис.

1. Анализирајте успешни кампањи со директна пошта

Морате да започнете со нешто заради подобрување на процесот на идеизација. Зошто да не започнете со веќе постоечки успешни кампањи со директна пошта во индустријата каде опстојува вашиот бизнис. Освен од истата индустрија користете ги и оние материјали кои ги добивате. Сигурно имате со фактура од вашиот мобиле оператор или банка некое промотивно писмо. Сигурно 99% (барем кај мене) тие завшуваат во канта (прочитајте за мојот процес за безхартено работење). Но, тие 1% кои ви го привлекле вниманието имаат содржано нешто посебно. Бележете секогаш кога ќе прочитате такво писмо за тоа што е онаа посебното што ве натерало да го отворите и прочитате.

Но, ајде со еден поконкретен процес. Пронајдете неколку писма и анализирајте ги во однос на следниве прашања:

  • Што е онаа што компанијата се обидува да постигне со писмото?
  • Како ги дизајнираат нивните кампањи?
  • Кој е целниот пазар за тоа писмо?
  • Што е понудата?
  • Како користат повик за акција?
  • Што е онаа што примателот го вреднува во кампањата?
  • Кои се опциите за примателот?

2. Одлучете за вашата целна листа за директна пошта

Следниот чекор кој можеби претставува еден од најважните чекори во овој процес е вашата целна листа.

Кој ќе биде примателот на вашата кампања со директна пошта?

Доколу инвестирате повеќе време за да ја најдете вашата најважна листа за директна пошта, вашиот успех ќе биде поголем. Оваа значи дека ќе имате поголема стапка на конверзија, повеќе купувачи, повеќе приход и повеќе профитабилност за вашиот бизнис.

Размислете за вашиот идеален целен купувач. Каде можете да ги најдете информациите за него? Дали е тој личноста која сака да прими нешто од вас?

3. Истражете ја вашата целна аудиенција за вашите писма

Сега, следниот логичен чекор е да започнете со истражувачки процес во однос на аудиенцијата пред да започнете со дизајнирање на кампањата.

Одговорете ги следниве прашања:

  • Што е онаа што потенцијалните купувачи сакаат да го слушнат од вас?
  • Што е онаа што сакаат да го примат од вас?
  • Кои се следните чекори кои вие би сакале да бидат преземени од нив?
  • Кој е најдобриот приод за да стигнете до нив?

4. Подгответе ја вашата најдобра понуда која тешко се одбива

Понатаму, продолжете со вашата најдобра понуда. Пронајдете нешто што ќе можете да го понудите, но нешто што тие не би можеле да го одбијат.

Подобра понуда, значи и подобри резултати од вашата кампања.

5. Не заборавајте на персонализацијата за да изградите доверба

Веќе ја имате листата на која сакате да им пратите писмо како дел од вашата кампања со директна пошта и ја имате подготвено и понудата. Сега, размислете за соодветна персонализација на вашата кампања.

Персонализација значи вградување на човечки елементи во кампањата. да вие сте бизнис, но бизнисот е составен од луѓе кои јада, пијат, спијат, разговараат… Персонализацијата е важна бидејќи едноставно ќе изгради доверба кон вашата компанија. На премиум претприемач посебен модул е посветен токму за градење на доверба.

6. Подгответе неколку кампањи

Сега можете да започнете со содржината на вашата кампања. Што е онаа што ќе вклучите како содржина?

Наместо да започнете со претпоставки, подобро е да подготвите неколку различни кампањи кои ќе ги тестирате во следниот чекор.

Најважното прашање е што ќе тестирате? Можете да ја тестирате содржината на понудата, различни повици за акција, различни приоди во општиот сегмент на вашата содржина…

7. Тестирајте ја кампањата на 10% од вашата листа

Кога веќе ги имате подготвено неколкуте различни писма, можете да започнете со тестирањето. едноставно испратете ги писмата до 10% од листата која ја имате и за која е наменета кампањата.

Целта на овој тест е да ги најдете елементите кои најмногу конвертираат: понуда, повик за акција, различни делови од содржината на вашето писмо.

8. Имплементирајте ги откритијата од тестот

Сега, кога веќе ја знаете најдобрата комбинација од различните елементи на писмата ќе можете да ги измиксате во една одицијална кампања која ќе биде испратена на останатите 90% од листата.

9. Лансирајте ја вашата кампања со директна пошта

Во овој чекор, едноставно ја лансирате кампањата, односно ги испраќате писмата.

10. Анализирајте ги резултатите

Лансирање на кампањата не значи и крај на целиот процес. Доколку сакате да успеете со директна пошта ќе мора постојано да го подобрувате патот кон успехот. Мора да ги анализирате резултатите и да ги имплементирате промените за подобрување на содржината во следните кампањи.

11. Не заборавајте постојано да ја надополнувате вашата листа

Една од вашите задачи ќе биде постојано да работите на градење на листата за директна пошта. Не заборавајте ја оваа задача.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Муаз says

    Би, сакал да споделам нешто во скалд на наведената тема. Ви благодарам на разбирањето.

    ВНИМАНИЕ ЗА СИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ:
    Дирекниот маркетинг е вистинска работа на вистинит начин на изведба. Директниот маркетинг има вградено огледало што ја одразува вистинската ефективност на вашата рекламна порака. За Маркетинг средствата кои ги користат претприемачите, може да каже се по нешто, ниту едно маркетинг средство неможе да остане без да се каже ниту еден збор 😉 но директниот маркетинг е нешто повече од останатите, доколку за останатите маркетинг средства би се кажало по некој збор, за директниот маркетинг можеме да кажеме многу повече во споредба со останатите маркетинг средства.

    Како што е наведено дека за дирекниот маркетинг може да се каже многу повече во споредба со останатите маркетинг средства, исто така Сите други маркетинг средства можат многу да му помогнат на секој еден претприемач, но дирекниот маркетинг е нешто неизменливо и непропуштливо маркетинг средство кое може да му помогне на секој претприемач нешто повеќе од останатите маркетинг средства.

    Тука го користам изразот “Директен маркетинг“ но за да ни биде уште појасно овој израс се однесува за: директна пошта, електронска пошта, страниците на Интернет, порачување по пошта или со купони, како и на телефонскиот маркетинг, телешопот, продажбата на пакети-честитки, продавачите од врата на врата или кој и да било метод на маркетинг чија идеа е нешто да се предаде веднаш.

    Кога веќе сме кај директната пошта- Дирекната пошта не го продава секогаш сама производот, но таа дава директни траги кои што водат кон посакуваната продажба на секој претприемач. Голем прочент, од директорите на маркетингот, дури и 89% од нив ја користат дирекната продажба за да ги испитаат трагите, а 48% од нив ја користат за да остварат продажба.

    Има уште многу да се зборува во врска со дирекниот маркетинг, доколку ми се укаже повеќе време ќе споделам некои работи во врска со дирекниот маркетинг.

    Ви благодарам на разбирањето.

    Со секоја почит

Speak Your Mind

*