Книгата “Изберете се себеси” е една од понови книги која едноставно ме заинтересира за да ја прочитам, особено поради фактот што го следев блогот на авторот James Altucher и знаев дека истиот има и позитивно и негативно искуство со неговите повеќе бизниси. Всушност авторот има искуство и во заработување на милиони, но и во губење на милиони, што претставува барем за мене некој кој може да го преслика сопственото искуство во една книга.
Мислам дека ние премногу се фокусираме на успешни приказни. На пример, секогаш се бараат успешни приказни за да се научи нешто ново, но знам дека едно нешто е сигурно, а тоа е дека приказни за неуспех вредат многу повеќе од успешните приказни, затоа што многу може да се научи од туѓи грешки. Од друга страна, кога станува збор за бизниси, знам и дека сите успешни приказни за успешни претприемачи имале десетици неуспешни приказни пред да станат успешна приказна. Го базирам оваа тврдење на десетина автобиографски книги на успешни претприемачи.



