post

Кога треба да ги модернизирате вашите апликации?

Денес е сосема незамисливо еден претприемач и еден бизнис да функционираат без технологијата. Дури и наједноставните бизниси користат одредена форма на технологија за поедноставување на работите и подобрување на севкупните бизнис процеси.

Excel табели, процесирање на документи, мобилни телефони, мобилни апликации, десктоп апликации, менаџирање на задачи и проекти, потсетници, нотеси, CRM системи… Сите овие работи денес се користат од еден современ бизнис.

Но, проблемот е што технологијата се развива многу бргу. Времетраењето на еден технолошки производ од една варијанта до друга или сосема нов модел се повеќе и повеќе се скратува. Од друга страна модернизацијата значи и трошок за еден бизнис.

Прашањето е кога ќе треба да ги модернизирате вашите бизнис апликации?

Ќе се обидам преку следниве 7 причини да помогнам во донесување на вистинската одлука за тоа време.

  1. Кога вашите бизнис процеси ќе се променат. Во повеќе случаи суштинските апликации на кои се базира вашиот бизнис се базираат на процесите на кои секојдневно се базира бизнисот. Оваа не е исклучок, туку треба да биде правило. Често пати гледам ситуации како претприемачите ги прилагодуваат процесите на технологијата која ја користат со цел да се заштедат пари. Па затоа и развојот на тие бизниси полека но сигурно успорува.
  2. Кога трошоците за функционирање започнуваат да растат. Трошоците се неизбежен елемент на секој бизнис. Но, кога трошоците за нормално функционирање на бизнисот нагло започнуваат да растат поради технологијата која ја користите, најдобро е да инвестирате во модернизација на технологијата.
  3. Кога трошоците за одржување стануваат преголеми. И повторно трошоци, но сега за одржување на технологијата. Ако забележите дека се почесто и почесто треба да инвестирате се поголема сума на пари во одржувањето, тоа е доволен знак дека треба нешто да преземете во однос на модернизацијата.
  4. Кога вработените се жалат за недостатоци. Можеби ќе слушнете жалење од страна на вработените дека премногу е споро, чекаат премногу време, прават грешки… Добро е да ги проверите таквите изјави, бидејќи едноставно истите може да покажат значителни недостатоци во технологијата која ја користите и на која се базира вашиот бизнис.
  5. Кога не можете да ги интегрирате со останатите апликации. Сигурно како еден претприемач користите повеќе видови на апликации. Само на вашиот мобилен телефон видете што се користите. Различните апликации бараат функционалности на интеграција на различните активности кои ги изведувате со нив за да се постигне целта.
  6. Кога достапноста до истите станува тешка. Денес користиме различни апликации на различни места и преку различни технолошки решенија. Денес бараме пристап од секаде и преку било што што ни е достапно во моментот на потребата. Бараме десктоп апликации да бидат пристапни и преку мобилни телефони или таблети. Доколку имате силни вакви потреби, а тековните апликации не ви овозможуваат, добро е да размислите за модернизација.
  7. Кога не се во тек со развојот на технологијата. Некогаш едноставно и тоа се случува. Се раѓаат нови компании кои растат. Некои стари едноставно изумираат или пак се преземени од некои поголеми при што се прекинува со развојот на онаа што вие го користите.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*