Многу задачи, многу активности, многу проекти… Преплетувања и преклопувања на задачи, проекти, места…
Тоа е вистината на секој претприемач. Не е едноставно.
Многу време изгубив во различни обиди да изградам еден функционален систем кој ќе ми обезбеди поголема лична продуктивност во моментов, но и можности за подобрување на истиот.
Доколку сте како повеќето претприемачи сигурно имате повеќе видови на “да направам” листи. Тие може да бидат:
- Дневна “да направам” листа,
- Неделна “да направам” листа,
- Месечна “да направам” листа,
- Листа на проекти,
- Следни акции,
- “Да направам” листа за дома
- “Да направам” листа за работа
- Некогаш/Можеби…
Сите овие листи може да бидат комбинации во една или пак во неколку листи, или пак едноставно некои имаат пповеќе ливчиња (тевтерчиња или пак нотеси во Evernote) со такви листи. Во таква ситуација доколку некој ве набљудува одстрана може да ве праша како можете да бидете продуктивни.
Најкористен вид на “да направам” листа претставува календарска листа. Календарската листа не е ништо повеќе од една листа на следни акции распределени во однос на време кога треба да се спроведат. Доколку користите таква листа вие имате прецизно дефинирано што ќе работите за секој ден.
Но, иако во минатото можеби времето на имплементација на активности беше единстевн и најзначен елемент на зголемување на продуктивноста, денес не е единствениот елемент кој влијае на вашиот систем за зголемување на продуктивноста.
Денес работните задачи се поинакви. Доколку во минатото едно работно место барало да се седи на биро и средува хартијата на истото, денес не постои бизнис, или организација која би си дозволила такво работно место.
Денес освен да средите документи, ќе имате и потреба да одговорите на е-пошта, да напишете извештај, да се состанете со некого внатре во организацијата или надво, онлајн или офлајн, денес користите повеќе од само една машина за пишување (имате компјутер, мобилен телефон, принтер, скенер…), денес имате повеќе можности за градење на конекции, разговори…
Денес иако користите еден компјутер на истиот имате десетици, ако не и стотици апликации кои ги користите во зависност од потребата на одредена задача. Тој истиот компјутер е поврзан и со оној кој го имате дома, но и со лаптоп на кој имате интернет. Така некои задачи можете да ги завршите од дома, а некои додека пиете кафе во омиленото кафуле.
Сето тоа ја менува и потребата на основното средство за лична продуктивност – “да направам” листа.
И да, прашањето од насловот е колку “да направам” листи треба да имате? Една или повеќе?
Одговорот е повеќе, но се додека успевате ефективно и ефикасно да ги менаџирате и користите.
Одговорот е повеќе традиционален, но листата може да биде една со помош на многубројните алатки кои ги имате. Едноставно организирана врз основа на елементите како време, технологија, место…
Speak Your Mind