post

Маркетинг план за 2011

Маркетинг план за 2011

Маркетинг план за 2011

Бизнис кој не вложува во маркетинг не може да очекува соодветно ниво на продажба. Затоа секој бизнис има повеќе маркетинг активности кои ги спроведува за да поттикне продажба кај постојните потрошувачи и за да внесе свежа крв во бизнисот преку нови потрошувачи.

Она што треба да се знае е дека постојат илјадници или пак милиони потенцијални потрошувачи за Вашиот бизнис, но пред да станат потрошувачи тие првин мора да дознаат за производите и/или услугите кои ги нуди Вашиот бизнис. Тука стапуваат на сила Вашите маркетинг активности.

Се надевам дека веќе имате подготвено бизнис план за 2011 во кој се опфатени севкупните бизнис цели на Вашиот бизнис или барем ги имате одговорено 10-те прашања пред да започне 2011 година . Маркетинг планот треба да ги следи тие бизнис цели за 2011.

Во овој пост ќе се обидам да ви помогнам да наравите една рамка за маркетинг план за 2011 преку одговор на следниве прашања:

  1. Каде се моите потенцијални потрошувачи?
  2. Дали таму постои доволно голем проблем кој мојот бизнис го решава?
  3. Дали таму постои доволно голема желба за решението кое ние го нудиме?
  4. Дали таму постои спремност да се плати за нашето решение?
  5. Дали имаме доволен капацитет за да настапиме таму?
  6. Кои се нашите противници (конкуренти) кои се борат за истиот пазар?
  7. Што нудат тие наши противници (конкуренти)?
  8. Како го нудат тоа што го нудат нашите конкуренти?
  9. Можеме и имаме ли капацитет за подобра понуда?
  10. Кои ќе бидат нашите маркетинг активности за да ги поддржат нашите бизнис цели?
  11. Што сакаме да постигнеме со нашите маркетинг активности?
  12. Дали маркетинг целите се на оптимално ниво за кое имаме капацитет да ги оствариме?
  13. Дали поставените цели се мерливи?
  14. Како ќе ги оствариме поставените маркетинг цели?
  15. Што ќе треба да превземеме за да тие цели постанат реалност?

Ова се основните прашања кои треба да ги одговорите за составување на маркетинг план за 2011. Одговорите пишувајте ги во еден докумант, листите и активностите во табела, останатото е само форматирање заради подбар изглед.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Одличен текст, краток и содржаен.

    Среќни празници

  2. Sutevski says:

    Благодарам Игор

    Среќни празници и многу успеси во Новата година

  3. Ivana says:

    Sekoja cest za web portalot!

Trackbacks

  1. Tweets that mention Pretpriemac Novo: Маркетинг план за 2011 - Бизнис кој не вложува во маркетинг не може да очекува с -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Aleksandar Atanasov. Aleksandar Atanasov said: RT @pretpriemac: Pretpriemac Novo: Маркетинг план за 2011 – Бизнис кој не вложува во маркетинг не може да очекува с http://ow.ly/1aDcgx […]

Speak Your Mind

*