post

Меѓународна стратегија како деловна култура на компанијата

Културата на компанијата има значајна улога во извршување на стратегијата. Таа има за цел да:

  1. Обезбеди ментален и емотивен водич, кој сите менаџери и вработени треба да го следат и да го подржуваат кога ќе се формулира и извршува стратегијата.
  2. Се потпира на основата, според која луѓето подобро ќе се однесуваат еден спрема друг и тие ќе креираат специфично чувство на идентитет во однос на другите компании.

Културата на компанијата по својата природа може да биде: култура заснована на социјализација и пазарно базирана култура. Првиот вид на култура е долгорочна и се применува детален процес на социјализација, силни и моќни норми и систем на контрола. Вториот вид на култура е таков вид, во кој функциите на компанијата и постапките на менаџерите не се разликуваат од постапките на екстерниот пазар. Нормите или се изгубени или отсуствуваат, процесот на социјализација е ограничен, а системот на контрола е заснован само на извршување и квантитативно мерење.

Компанијата која ја спроведува меѓународна стратегија применувајки го првиот вид култура има предности бидејќи создава долгорочно обврзување на вработените и чувство на меѓународна контрола, кои функционираат во услови на реципрочна меѓузависност. Меѓународните компании кои го применуваат вториот вид на култура, ги водат менаџерите кон создавање на вистински маркетинг концепт, кој е применлив во различни регионални услови.

Иако постојат разлики во сфаќањето дека културата станува похомогенизирана, а глобализацијата на пазарите зазема се поважно место во денешните напредни технологии, во транспортот и комуникацијата, сепак континуирано се случуваат мултикултурни бизнис грашки, кои стануват стварност во меѓународниот бизнис. Тоа значи дека формулирањето на глобалната мултинационална стратегија на претпоставката на културна хомогеност надвор од географските граници, може да биде несоодветна.

Остварувањето на успех во меѓународните активности, во голема мерка зависи од прилагодувањето на стратегијата на компанијата на барањата, кои се истакнуваат од културата на земјата домаќин.

Културата е важна при определување на судбината на нациите.

Културата е колективен феномен, а културните разлики можат да се претстават врз база на анализа на претходните фактори. При тоа заклучуваме дека националната култура потешко се менува, додека културата во рамките на компанијата побрзо се менува, но секако дека постојат и тука проблеми и отпори. Заедничката култура на работење може да се негува и одржува преку посетување на заеднички семинари, предавања, учество во истите проекти и слично, со што се формира еднообразност во однесувањето. Иста култура во однесувањето се добива и доколку раководните луѓе завршиле исти факултети, па со учење на истите предмети им е развиена сличност во однесувањето во знаењето и другите параметри, кои овозможуваат остварување на слични резултати во работењето. Најтипичен пример е еднообразното однесување на вработените во рестораните на McDonalds низ целиот свет.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*