post

Мора да научите отворено да кажете “погрешив”

Колку и да изгледа тешко, сепак храбриот пристап секогаш отворено да си кажете и себеси и на сите околу вас дека сте погрешиле или „да погрешив” ќе биде многу важно за вашиот бизнис.

да погрешив

Зошто?

Ако ме следите доволно време сигурно знаете дека многу пати досега пишував за неизвесноста околу вашиот бизнис, за подобрувања, за преземање на акции… Тоа се некои од карактеристиките на успешни претприемачи. А, дали успешна карактеристика е непогрешливост. Одговорот е не, нема ни да најдете некој успешен претприемач кој не погрешил.

Кој работи и греши. Кој не работи никогаш нема да погреши. Значи преземање на акции или донесување на одлуки ќе си носат и соодветни грешки со себе. А, тие грешки ќе бараат повторно акции, повторно одлуки и повторно можни грешки. Но, иако изгледа дека влегувате во циклус на постојани грешки сепак тоа е и единствената можност да се поправаат и елиминираат од повторно појавување истите грешки.

Да се погреши не значи крај на светот, ниту пак за вашиот бизнис. Да не се признае грешката, ниту пак да се поправи истата ќе значи крај за вас како претприемач и вашиот бизнис воопшто. Не е грев да се погреши и признае грешката, грев со можни катастрофални последици за вас како претприемач и вашиот бизнис е да се игнорира грешката.

Но, прашањето е дали треба јавно да зборувате за сопствените грешки или не? Да, треба јавно да ги покажете и дискутирате вашите грешки. Само на таков начин ќе имате дополнително обврзување да започнете со работа прво на поправање на истите, а потоа и целосно отстранување на можностите за нивно повторно појавување.

Еве некои факти зошто е тоа така.

  1. На таков начин си признавате прво самиот себеси дека сте погрешиле и автоматски си наметнувате обврска да ја поправите грешката, но и да спречите повторно појавување на истата грешка.
  2. Колку побргу си ја признаете грешката толку побргу и ќе ја поправите и оневозможите повторно појавување, а со тоа и толку побргу ќе продолжите на патот кон реализација на поставените цели.
  3. Колку побргу признаете дека се наоѓате на погрешен пат, толку побргу ќе се вратите на вистинскиот пат за вас.
  4. Колку побргу признаете дека сте погрешиле толку побргу ќе бидете во можност да научите нови работи за вас, вашиот бизнис и начинот на водење на вашиот бизнис.
  5. Колку побргу вие како претприемач, како лидер на вашиот тим признаете дека сте погрешиле, толку побргу и членовите на вашиот тим ќе признаваат дека грешат и ќе си ги поправаат сопствените грешки. Тоа е постојано подобрување од страна на сите.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*