post

Можете ли да бидете среќни на работа?

Често пати мислиме дека среќата е нешто што онака се случува без разлика на нашите постапки.

Доколку сте претприемач ја имате таа моќ директно да влијаете на вашата среќа, но и среќата на вашите вработени барем додека сте на работа.

Доколку пак сте вработени, иако не можете со истата моќ да влијате сепак можете да влијаете во креирање на работна атмосфера која ќе поттикнува среќа и кај вас и кај вашите колеги.

Среќата не е случаен феномен, таа се креира.

Мора да ви биде јасно дека во вашите раце е креирање на вашата и на вашите вработени среќа. Таа не се случува сама од себе. Мора да се вложи труд  во креирање на истата.

Мора да знаете што ќе претставува среќа во вашата работна организација. Дали е тоа насмевка на лицата на сите вработени? Дали е работна средина во која сите си помагаат, смеат, поприкажуваат…? Што е со среќата надвор од работата?

Размисли за она што ја креира среќата за вас и вработените во бизнисот.

Морате да се запрашате што е она што ве прави среќни вас и вашите вработени. Мора да знаете што треба да направите, од каде да тргнете.

Вие сте одговорниот за креирање на една среќна работна атмосфера во вашиот бизнис, а без знаење за тоа што претставува среќа и што ве прави среќни нема да можете да преземете ништо.

Креирај работна атмосфера во која сите се среќни.

Кога веќе знаете што треба да направите за да имате навистина работна атмосфера која сите вас ве прави среќни можете да започнете со креирање на истата.

Едноставно започнете и следете што се случува, идеи за подобрување секогаш ќе има.

Среќата бара неформалности, не ги оневозможувај.

Иако можете преку соодветни правила и процедури да креирате добра атмосфера на работните места, сепак среќното чувство не може да биде во целост контролирано од ваша страна.

Неформални разговори, неформални совети, неформални вицови… Сите овие неформалности ќе влијаат севкупната атмосфера да биде како едно мало/големо среќно семејство.

Не дозволувајте негативности на работното место.

Негативностите се уништувачи на среќна работна атмосфера. Ќе мора да ги откриете сите такви негативноси и да ги елиминирате.

Секој може да има навистина лош ден, но смеете да дозволите единките да ја уништат атмосферата. Мора мноинството да преовлада.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*