post

Можете ли да носите тешки одлуки?

Претприемачите се луѓе кои постојано донесуваат одлуки. Некои од одлуките може да бидат лесни, но некои од нив се навистина тешки и едноставно се претвораат во вистински ноќни мори.

Повеќе од веројатно е дека претприемачките одлуки повеќето ќе бидат тешки, отколку лесни.

Дали сте се нашле во ситуација кога навистина не знаете што да одлучите? Ако се најдете во таква ситуација, тогаш веќе сте се сретнале со тешка одлука.

Дали знаеш што е тешко?

По дефиниција, тешко е нешто тешко да се направи или да се постигне од вас или од вашиот бизнис тим. Тоа е нешто што ќе бара значителни напор или вештини од вас и од вашиот бизнис тим.

Како прво нешто што треба да знаете е какви видови на одлуки се потешки за вас како еден претприемач.

  • Дали тежината е поради ризик? Што ако нешто тргне наопаку?
  • Дали тежината е поради времето потребно за да се спроведе одлуката?
  • Дали тежината се засновува на напорите, кои вие и вашиот бизнис тим треба да ги вложите за да се спроведе една таквата одлука?
  • Дали тежината е бидејќи не знаете што е вашата цел?
  • Дали тежината е бидејќи едноставно мислите дека тоа нешто е тешко?

Можете да имате многу можни прашања за тоа, зошто мислите дека некои одлуки се тешки, а некои не се.

Секоја одлука се базира на нешто

Ако треба да донесете одлука, да избирате помеѓу две различни алтернативни решенија за нешто во вашиот бизнис, како ќе ја класифицирате таа одлука?

Дали е тешка или лесна една одлука?

Одговорот зависи од она што ќе биде со резултатите од спроведување на таа одлука. На пример, ако одлуката е за каква боја на столчиња да се купат за вашата канцеларија, тоа ќе биде лесна одлука, бидејќи работата на вашиот бизнис не зависи од боите на столици. Но, ако таа одлука е за купување на локација за нова продавница на мало, таа одлука ќе биде многу потешка, бидејќи успехот на вашиот бизнис ќе биде врз основа на локацијата на таа продавница.

Секоја одлука зависи од нешто, а тоа нешто е целта на одлуката. Што е она што сакам да го постигнам со мојата одлука? Што мојот бизнис треба да постигне со таа одлука?

Тоа се прашања чии одговори ќе ви кажат се за тежината на одлуките.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*