Вашиот претприемачки живот ќе биде соочен со премногу одбивања кои понекогаш може да бидат и на секојдневна основа. Можете да бидете одбиени од купувачите, вработените, партнерите, пријателите, смеејството… Тие се ваша реалност и не можете да ги зибегнете.
Најголемиот проблем кога станува збор за искусување на одбивањето е кога ќе се скршите емоционално поради нив. Мора да имате стратгегија за да го надминете одбивањето при што истото ќе го интегрирате ушто подобро во вашиот иден успех.
Како да го надминете одбивањето на најлесен можен начин?
Еве некои можни тактики кои можете да ги користите во вашите напори за да го надминете одбивањето во вашиот бизнис:
- Бидете свесни дека доживување на одбивање е нешто нормално во деловниот свет. Доколку скаате да го надминете одбивањето и неговото влијание на вашата иднина, мора да бидете свесни дека одбивањата се можни и нормални кога вие сте еден претприемач и мора да да научите да живеете со тоа.
- Никогаш не се базирајте само на една опција, секогаш обидувајте се да имате повеќе. Доколку имате повеќе опции, тоа ќе значи дека едно одбивање нема да има големо влијание врз вас, бидејќи лесно можете да се свртите на втората опција. Бидете стратешки ориентиран и секогаш обидувајте се да креирате план B како опција кога ќе бидете одбиени за да лесно го надминете одбивањето.
- Учете од одбивањето и работете на елиминирање на грешките заради кои сте одбиени. Што одбивањето навистина значи за вас како еден претприемач и за вашиот бизнис? Што можете да научите од таа ситуација? Зошто сте одбиени? Што ќе треба да подобрите доколку сакате да успеете следниот пат? Оваа се важни прашања кои нема да ви дозволат да се скршите поради тоа што не сте успеале во вашите намери, но тие ќе ве водат во континуирано подобрување на процесите кои што ги користите.
- Никогаш не го признавајте одбивањето на лицето кое ве одбили, туку наместо тоа објаснете дека грешат. Оваа не значи дека вие не ја почитувате одлуката на лицето кое ве одбива, туку напротив покажува респект со тоа што им кажувате и објаснувате дека заслужувате да не бидете одбиени.
- И да биде одбивањето лично мислење, сепак ништо не е лично спрема вас. Да, кога зборуваме за вашиот претприемачки живот и одбивањата кои ги преживувате поврзани со вашиот бизнис, нема ништо лично. Гледајте на сето тоа како бизнис проблем, како нешто што ќе мора да се анализира и третира на соодветен начин.
- Бидете упорен бидејќи едно одбивање значи само изгубена битка, но не и војна. Мора да бидете упорни. Можеби ќе треба да направите некои корекции преку подобрување на производите или услугите, деловните процеси или пак во начинот на кој им приоѓате на луѓето кои имаат моќ да прифаќаат или ве одбиваат за нешто. Сепак не смеете да се откажете, бидејќи откажувањето значи и крај на вашиот претприемачки пат.
Прашање: Како се справувате со одбивањата поврзани со вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.




Speak Your Mind