Полека но сигурно ја испраќаме и оваа 2011 година. За некој ден завршува годината која ќе ја паметиме по добри работи, а ќе се обидеме да ја заборавиме по сите лоши работи. Како и секоја година на претприемач во изминативе три години, така и оваа ќе ја завршиме со серијал на постови за најдоброто на претприемач и воедно да ги презентираме некои досегашни постигнувања и секако планови за развој за 2012 година.
Првин за бројот на објавени наслови, кој иако не ја исполни зацртаната цел да се стигне до бројка од 1000 оваа година сепак е блиску (ќе завршиме со некаде околу 930 објави) и за тригодишно постоење и обработка на оваа тематика навистина претставува солидна бројка. Оваа година има вкупно 370 постови на претприемач од различни теми кои ја опфаќаат оваа проблематика. Некои се информативни, но поголемиот дел, односно над 90% се од делот на извор на знаење за претприемачи – целта за која е и направен овој сајт.
Оваа година се случи и камбек на Илија Чубровиќ кој даде свој придонес во повеќе наслови врз основа на неговите анализи, проучувања и практицирање на претприемништвото во последите 20 години во Република Македонија. За сите гостински постови им се заблагодарувам на сите кои дадоа придонес во збогатување на оваа содржина.
Иднината! Што ќе се случува во 2012 на претприемач. Прво продолжуваме со уште посилно темпо на нови содржини преполни со знаење за претприемништвото. Она што ќе биде карактеристично и што можеше да се забележи во последниов месец е користење на повеќе видео материјали. Да, целта е да ја зголемиме сопствената продукција на видео материјали на претприемач.
Кога станува збор за билтените на претприемач и регистрираните може да очекуваат неколку изданија на книги од следниве теми (точните наслови не се определине бидејќи ова ќе бидат спакувани од 2 магистерски работи и една книга):
- Блогирање за бизнис во 30 дена
- Претприемништво
- SWOT анализа
- Организациски промени
Во следните неколку денови ќе имате можност да видите серија на постови, избор на најдоброто на претприемач, кои ќе влезат во делот Започни тука. Постовите ќе бидат групирани по теми и тоа:
- Претприемач
- Бизнис идеи
- Бизнис план
- Маркетинг
- Менаџмент
- Интернет маркетинг
Како што ќе ги објавувам постовите, така и ќе ги ажурирам линковите во оваа листа од овој серијал.




Speak Your Mind