post

Не прави ги овие 6 работи кога планираш промени во твојот бизнис

промени Еден од најважни и без завршување или стопирање процеси во секој организациски систем како и бизнисот се организациски промени.

Како еден претприемач, твојата задача е да решаваш проблеми, како внатрешни така и надворешни. Внатрешни проблеми кои се поврзани со твојот бизнис и се она што е во внатрешноста на компанијата, и надворешни проблеми поврзани со целниот пазар, потрошувачите и се она што е надвор од твојата компанија.

Да, ти си решавач на проблеми. Секој проблем бара решение.

Од друга страна, имплементацијата на решение претставува процес на промени кој го подобрува твојот бизнис.

Но, статистички многу процеси на промени пропаѓаат заради различни причини. Тука, би сакал да предложам 6 работи кои би требало да ги избегнеш доколку сакаш да ја зголемиш веројатноста на успех на процесот на проемни.

#1 Не започнувај без јасна визија за иднината

Секој процес на промени започнува со план. Кога го планираш следниот процес на промени, треба да погледнеш во иднината. Доколку не ја знаеш иднината, нема да можеше квалитетно да ги испланираш промените.

Без јасна визија за иднината, нема да го знаеш патот кој треба да го поминеш во текот на проесот на промени.

Мора да ги одговориш следниве прашања:

  • Што ќе се случува во иднината?
  • Како ќе изгледа иднината и какво ќе биде нејзиното влијание врз мојата компанија?
  • Можеме ли да ја креираме, подобруваме, игнорираме или прифаќаме таа иднина? Што тоа би значело за нас?
  • Каква ќе биде улогата на мојот бизнис во иднина?

Кога одговараш на овие прашања, тогаш може да продолжиш со процесот на планирање.

#2 Не започнувај без јасна формулација на проблемот или вистинскиот извор на промени

Секоја промена е последица на некоја причина наречена како извор или сила на промена. Доколку сакаш да успееш со процесот на промени, мора да имаш јасна формулација на вистинскиот проблем или вистинскиот извор на промени.

Доколку ги знаеш изворите на промените, ќе знаеш и што треба да направиш.

#3 Не ја потценувај моќта на отпорот кон промени

Секој процес на промени ќе биде соочен со отпор кон тие промени. Мора да го знаеш тоа и да се подготвиш за работа на справување со тој отпор уште пред започнување со имплементација. Некои од организациските членови ќе ги прифатат промените. Некои ќе ги иницираат, но некои ќе ги игнорираат или едноставно ќе им се противат.

Процесот на промени ќе биде под закана на лицата кои ги игнорираат или се противат на предложените промени. Мора да ги знаеш тие лица. Некои од причините на отпорот може да биде прво подобрување на процесот кој треба да се имплементира, но со некои ќе треба да се справиш пред самиот процес доколку сакаш процесот да успее.

#4 Не ги отфрлај изворите на организациските промени од било каде

Извори на организациски промени може да бидат било каде внатре или надвор од организацијата. Ќе мора да ги отвориш очите, да го подобриш слушањето и да следиш се што се случува околу тебе. Се може да биде трансформирано во корисни сигнали кои ќе ти кажат што треба да се промени во твојот бизнис доколку сакаш да останеш на вистинскиот пат.

#5 Не заборавај дека твојот бизнис има моќна околина

Една од темелните основи е претпоставката дека секој бизнис функционира во многу моќна надворешна околина. Таа околина влијае на секој аспект на твојот бизнис. Таа околина не ти дава можност да останеш тивок, туку постојано ти врши притисок да промениш нешто доколку сакаш да останеш во динамична рамнотежа со неа.

Мора да ги следиш промените во околината, и веднаш да се прилагодиш согласно тие промени. Тие промени ќе станат реалност, без разлика дали ти сакаш или не.

#6 Не избегнувај да го прославиш успехот со твојот тим

Успехот на процесот на промени не зависи само од тебе како еден претприемач или менаџер. Целиот тим кој работи за тебе е одговорен за успехот. Понекогаш процесот може да биде доста болен за твојот тим. Веројатно тие повеќепати се нашле себеси во позиција да одлучуваат дали да продолжат или да запрат. Но, доколку процесот успее, тоа значи дека секој го дал максимумот за тој успех.

Од друга страна знаеш дека завршување на еден процес на промени не значи и запирање со промени воопшто. Постојат и други процеси кои ќе треба да се имплементираат. Доколку сакаш да продолжиш со успехот базиран на поддршката од вработените, ќе треба секој успех да го прославиш со нив.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*