post

Непредвидливост на иднината на вашата компанија

Многу пати пишував и зборував на претприемач за неизвесноста како единствено сигурно нешто околу вашиот бизнис. Но, еден проблем кој се јавува со неизвесноста е непредвидливоста на иднината на компанијата.

непредвидливост

Сега, прашањето е како можеме да се подготвиме за успешно менаџирање со една компанија, без разлика за каква компанија станува збор дали за мала со неколку вработени или пак за поголема од десетици па и стотици вработени. Како еден претприемач вам тоа менаџирање ви е на одговорност како задача. Едноставно тоа е притисок да се подготвите за иднината.

И сега, што ни останува друго освен да почнеме да се занимаваме со планирање на иднината, односно предвидување на иднината? Па, така започнуваме со предвидување на продажба, предвидување на потрошувачка, предвидување на трошоци/расходи, маркетинг планови, бизнис планови итн. И доаѓа следната година или следните неколку години и едноставно ништо не е ни приближно точно, или не се случило онака како што сме планирале, односно предвиделе.

Следното нешто што еден просечен претприемач го прави е да најми некој однадвор кој ќе прави истражување на пазар и ќе каже како и што ќе се случува во иднината. И се би било добро, доколку премногу и тој и компанијата која се занимава со истражување на пазар не се базираат на историја и на сегашноста. Но, само тоа го имаат. Немаат податоци и информации од иднината. Тие едноставно треба да се предвидат.

Дури и оние најтрадиционалните бизниси го имаат овој проблем, особено поради фактото што се целосно насочени кон традиционалните техники на предвидување кои во најголем број на случаи се неточни.

Еден претприемач ми вели пред 3 години, мојот бизнис е таков што секогаш ќе има потреба од производите кои ги произведува. Тоа е храна и секогаш луѓето ќе мора да јадат. Денес тој бизнис не постои едноставно затоа што тој претприемач тогаш користеше предвидување кое се базираше како и сите предвидувања: „минатата година имав толкав приход, следната ќе имам Х% повеќе”. Ајде кога сум веќе тука да опфатам и некои причини зошто се случи тоа што се случи поради ваков начин на размислување.

  1. Ваков начин на размислување не препознава појава на конкуренција. И тоа не било каква конкуренција туку конкуренција која ќе даде сосема поинаква вредност иако станува збор за храна каде што промените се помалку веројатни, но сепак можни. Таа конкуренција освен вредноста која ќе ја понуди ќе понуди и поинаков и поиновативен пристап за комуникација со купувачи, поиновативен начин на продажба, поиновативни и пефективни процеси на работење на самиот бизнис итн. Сето тоа ќе влијае и во овој случај влијаеше на неуспех на еден дотогаш прилично успешен бизнис, така што наместо плус Х% зголемување на приходи истите започнаа да бидат минус 2Х.
  2. Ваков начин на размислување не препознава променливи потреби на купувачи. Купувачите не се исти денес како вчера, ниту пак ќе бидат утре како денес. Тоа е единственото нешто што е познато околу купувачите. Претприемачот кој го користам за овој пост не сакаше да сфати дека оние купувачи кои се кај него до денес, може утре да не бидат. Тие сакаат промени, имаат променлив вкус, сакаат новитети и едноставно за нивните пари имаат право да си дозволат се она што сакаат тие, а не што некој ќе им понуди или наметне. Затоа што купувачите не беа вклучени во плановите за иднината, или во предвидување на иднината, едноставно тие се свртуваа кон нивните нови променливи потреби и нивно задоволување кое не го наоѓаа во овој бизнис туку во некој друг.
  3. Ваквиот начин на размислување не препознава променлива технологија која се користи од страна на процесите. Да, освен конкуренција и купувачи, тука е и технологијата. Ако некако и можеме да предвидиме појава на конкуренција или пак промена на потреби кај купувачи, што ќе се случува со развојот на технологијата е нешто многу потешко да се предвиди. Непредвидливоста на технолошките промени околу овој бизнис си зема дел од данокот што претставуваше и една од причините за неуспех на еден успешен бизнис.

Забележувате, дека проблемот и не е што некој не успеал да ја предвиди иднината проблемот е повеќе во инертноста на претприемачот која се пресликува во комплетна инертност на целиот бизнис.

Што значи оваа?

  • Незивесноста целосно води до непредвидливост на иднината на еден бизнис. Неизвесноста едноставно е нромална појава кај секој бизнис, па затоа и предвидливоста на таа неизвесна иднина станува навистина нешто тешко или пак во краен случај води до целосно погрешни предвидувања. Но, од друга страна не можеме во целост да ја отстраниме неизвесноста, освен кога компанијата веќе нема да постои. Затоа, моја препорака е не да ја предвидувате иднината туку да ја креирате иднината.
  • Непредвидливоста не значи и крај за бизнисот, едноставно бара поинакво однесување. Ако не можете нешто да предвидите, не смеете да кажете дека тоа а надвор од вашите можности. Таквото размислување не е размислување на еден упорен и успешен претприемач. Мојата препорака е да заборавите на онаа што го знаете и да го промените целосно вашиот начин на размислување од инертен и реактивен во проактивен стил, подобро да имате пропаднати идеи, намсето пропадната компанија.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*