post

Нов дизајн на претприемач за 2011

Оваа година ја започнавме со еден сосема нов дизајн на претприемач. Кога велам дизајн не мислам само на визуелниот дел од истиот туку и на некои дополнителни карактеристики кои ги воведовме, а кои на некој начин во претходните постови беше најавено.

Првин, ја сменив целосно работната околина во која функционира новата тема на претприемач. Досега ја користев Thesis темата од која сеуште не се откажувам и сеуште некои тековни и некои идни проекти ќе бидат градени на истата. Сега во позадина на овој веб сајт е Genesis Framework со Church Child Theme. Многу се пишуваше за оваа теме во последните неколку месеци и едноставно одлучив да скокнам и да ја пробам (никогаш не пишувам за нешто што не сум искусил лично). Техничкта функционалност во основа е слична со Thesis, но единствена предност е што има повеќе готови теми кои функционират на Genesis и кои се лесно прилагодливи. Тоа е околу техничките детали, но да наведам нешто за функционалноста.

Достапност на содржината на претприемач

До содржината на претприемач можете да пристапите на неколку начини:

  1. Категории на постови
  2. Ознаки
  3. Последни постови
  4. Пребарување

Како до содржините на претприемач

Нови функционалности на претприемач

Со овој дизајн има воведено две новини. Првата е што за првпт официјално ќе прифаќаме гостински постови. За таа цел направив посебна страна – Сподели знаење. Доколку имате нешто вредно да споделите со нас и читателите на претприемач слободно напишете и испратете ни го преку формата на таа страна каде што се дадени и условите и деталите за користење на истата. Секој гостински пост ќе содржи кртка биографија за авторот како и линк до веб сајтот доколку има.

Втората функционалност е за сите нови посетители на претприемач. Извлечени се најдобрите постови во форма на еден прирачник за претприемачите од:

  • Општо за претприемач и претприемништво
  • Бизнис идеи
  • Бизнис план
  • Маркетинг
  • Интернет маркетинг и
  • Менаџмент.

Страната е наречена како Започни тука.

Билтени на претприемач

Целосно е редизајниран системот за билтени на претприемач кој сега изгледа вака:

  • Добредојде e-mail. Ова е првиот e-mail откако некој ќе се регистрира за билтени. Во него ќе има кратко објаснување за тоа што ги очекува луѓето како и линкови за симнување на бизнис темплејти, калкулатор за анализа на готовинскиот тек и 10 видео материјали за изработка на веб презентација за Вашиот бизнис.
  • 2-неделни ажурирања. Секои две недели ќе оди еден е-мail за последните 12 написи на претприемач. Целта е секој оној кој нема можност секојдневно да не следи да има можност да ги види насловите и ако нешто смета дека треба да прочита да прочита.
  • Едукативни теми. Ова е сосема нов концепт на претприемач. Ќе има 8 едукативни теми од областа на претприемништвото и за секој месец по една. Што значи дека од овој елемент на аутореспондер во наредните 8 месеци ќе се испраќа по еден е-mail со едукативни теми преку линкови до најдобрите постови до претприемач и совети за водење на Вашиот бизнис. Овие теми претставуваат еден вид на прирачник за претприемачите и активности за спроведување во 30 дена.
  • Разно. Овој елемент нема подесена секвенца туку ќе се користи за испраќање на информации или линк до одредени анкети кои ќе ги спроведуваме. Секако и попусти на сите наши идни услуги.

Тоа би било накратко се за овој, последниов редизајн. Сега е време да се сконцентрираме на содржината, не чека навистина интересна година.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*