post

Одложување како сопирачка за вас и вашиот бизнис

Како тема за следната подкаст епизода која ќе биде објавена во понеделник (03.06.2013) на подкастот насловен како “претприемачки пат” се одлучив да биде “oдложување како сопирачка за вас и вашиот бизнис”.

Оваа тема е е интересна тема од подрачјето на продуктивноста, но и особено поради фактот што сите го имаме овој проблем. Разликата е што некој успева да го изменаџира, додека другите едноставно продолжуваат да си живеат на ист начин.

Доколку сакате да бидете дел од оваа епизода, слободно можете да поставите прашање преку гласовна порака која ќе биде вметната во епизодата или пак преку контакт форма кое ќе биде прочитано и одговорено во текот на епизодата. Прашањата можете да ги поставите преку страната за прашања за подкастот.

Во оваа подкаст епизода ќе зборуваме за одложувањето но и за најголемите причини зошто одложуваме, зошто го чекаме последниот момент за да се зафатиме за некоја работа или пак зошто понекогаш одложувањето за некоја работа оди до бесконечност што значи дека никогаш нема да ја завршиме работата. Еве некои од причините за кои што ќе разговараме:

  1. Недостаток на самодоверба
  2. Тенденција да сакате првин да научите се, а потоа да преземете акција
  3. Немате јасни цели, што пак доведува до нејасност и конфузија
  4. Вашата “да направам” листа содржи проекти наместо задачи
  5. Вашиот план не се базира на “IF THEN” принципот
  6. Имате проблеми со одлучноста
  7. Вашата работна околина дозволува премногу одвлекувања на вниманието
  8. Не користите кратки распореди и рокови за да го обезбедите неопходни фокусирани акции
  9. Одложувањето е секогаш поатрактивно во однос на акцијата
  10. Барате перфекционизам во се што работите
  11. Немате јасни приоритети
  12. Едноставно не препознавате или не признавате дека одложувате

Доколку сакате нешто друго да биде вклучено во оваа епизода можете да поставите прашање (гласовно или писмено преку контакт форма) на страната за подкаст прашања.

Доколку пак сакате некоја тема да биде вклучена во следните епизоди на подкастот “претприемачки пат” слободно дајте предлог преку коментар на овој пост.

Сите епизоди на подкастот “претприемачки пат” можете да ги следите и преку iTunes.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*