Секојдневно донесуваме одлуки. Тоа е факт!
Понекогаш имаме време за проценки, анализи, алтернативни решенија, избор на алтернативно решение… Понекогаш одлуката едноставно излетува од нашиот мозок и се претвора автоматски во акција. За времето и неговото влијание повеќе можете да прочитате во временска рамка помеѓу одлучување и имплементација. Секако не треба да се заборави и важноста да се донесат брзи одлуки.
Понекогаш одлуките за превземање на некоја акција ги спроведуваме систематично. Но, понекогаш едноставно се базираме на интуиција.
Донесување на одлуки е процес кој претставува последица на решавање на проблеми. Колку е проблемот покомплексен, толку ќе се бара и поголема внимателност и систематичност на претприемачот.
Проблемот е последица на одредена наша анализа. Проблемот е нешто што не е како што треба и бара решение за да состојбата на системот биде онаква како што треба.
Но, тие проблеми не се само заради слабости на системот како внатрешен елемент на бизнисот и заканите кои доаѓаат кон системот како надворешен елемент на бизнисот. Можеби најголемата грешка кога станува збор за адекватна анализа на проблемите со кои е соочен еден бизнис е што најчесто се фокусираме само на слабостите и заканите. Тие иако се важни и во голем број на случаи предизвикуваат проблеми кои бараат решение, сепак не се и единствени.
Проблемите може да бидат и последица од анализи на силните страни на системот како внатрешни елементи и секако можностите кои претставуваат надворешни елементи.
Сето ова што досега го опфатив во овој пост покажува една многу важна корелација помеѓу проблемите (кои доаѓаат преку силни страни, слабости, можности и закани) и секако бизнис идеи (кои се резултат на процесот на одлучување – доаѓање до и избор на алтернативно решение).
Затоа и графикот кој тука ќе го презентираме е важен како за постојано генерирање на бизнис идеи така и за одлучување во однос на акција која треба да се превземе (кликни за поголема верзија).
Процесот е едноставен. По анализа на силните страни, слабостите, можностите и заканите на бизнисот за сите 4 се генерираат два вида на алтернативи. Првиот е сегашни алернативи кои може да се применат веднаш и кои се во тек со времето во кое се однесуваат проблемите. Додека, вторите се идни алтернативи кои бараат поглед во иднината и за кои е потребно подетално разгледување заради нивна примена. Овие вториве се важни за претприемачите, бидејќи тие се креатори на иднината. Откако ќе се генерираат доволно алтернативи следува избор на најсоодветните при што едни ќе се отфрлат, додека останатите ќе се прифатат за кои веднаш следува превземање на акција.
Speak Your Mind