post

[Видео] Дали ги контролираме нашите сопствени одлуки

Успехот на бизнисот во голем дел ќе се базира на вашите одлуки како еден претприемач. Но, дали сте доволно рационални кога носите важни одлуки за иднината на вашиот бизнис? Погледајте ја оваа TED презентација од Dan Ariely авторот на книгата Predictably Irrational, каде тој ги презентира резултатите од неговото истражување и покажува како не сме доволно рационални кога носиме важни одлуки. Вреди да потрошите 20 минути од вашето време, оваа презентација може да ве промени.

post

Како да одлучувате без двоумење

Сте се нашле ли во позиција кога треба да донесете одлука, но нешто ви кажува дека не ја правите вистинската работа? Тоа нешто ве двоуми околу одлуките кои треба да ги донесете.

Во една таква состојба, кога едноставно не верувате на вашите сопствени одлуки, или едноставно донесувате одлука со двоумење ќе се најдете во позиција да одлучите, но нема да ги имплементирате вашите одлуки, или едноставно ќе ги одложите.

Мора да верувате во вашите одлуки доколку сакате да ги имплементирате одлуките кои што сте ги донеле. Не смеете да дозволите вашите бизнис одлуки да се потпрат на вашето лично двоумење. Тоа е опасно за вашата компанија.

Како можете да креирате самодоверба кога треба да донесете вистински одлуки?

Продолжи…

post

Можете ли да носите тешки одлуки?

Претприемачите се луѓе кои постојано донесуваат одлуки. Некои од одлуките може да бидат лесни, но некои од нив се навистина тешки и едноставно се претвораат во вистински ноќни мори.

Повеќе од веројатно е дека претприемачките одлуки повеќето ќе бидат тешки, отколку лесни.

Дали сте се нашле во ситуација кога навистина не знаете што да одлучите? Ако се најдете во таква ситуација, тогаш веќе сте се сретнале со тешка одлука.

Продолжи…

post

Договор одсега да се спроведува она што претходно било договорено…

Морам да го започнам и самиот овој пост со насловот

“Договор одсега да се спроведува она што претходно било договорено… :)”

Што мислите за реченицата?

Дали ви се случило на некој од состаноците на кои поминувате, да се навратите на она што сте го договориле на претходниот состанок, а на овој повторно да дискутирате и полемизирате и одлучите дека треба да се спроведува?

Договарање за договорен договор… 🙂

Одлучување за веќе донесена одлука… 🙂

Иако нема логика сепак се случува кај повеќето претпријатија.

Од иновирање и култура на иновирање, компанијата преминува во една бирократска култура во која се состаночи, дискутира, полемизира и реодлучува.

Ова е моментот кога за првпат основачот, претприемачот се соочува со потребата од менаџмент.  Тој момент значи дека компанијата досега доста успешно се справувла со сите досегашни фази од својот животен циклус, но сега се наоѓа во доста “деликатна” позиција која бара сосема поинакви одлуки отколку што било праксата досега.

Досега работите се завршувале, без здодевни состаноци, дискусии, полемики и реодлучувања. Еден носи одлука, без разлика дали е добра или лоша и таа се имплементира. Доколку е погрешна, се извлекува поука со што и претприемачот и бизнисот стануваат подобри, посилни, збогатени со дополнително знаење и искуство. Но, сега не е едноставно. Постои хиерархија, структура, правила, процедури…

Но, сепак насоката во која ќе се движи бизнисот сеуште зависи и се наоѓа во рацете на претприемачот. Тој го има клучот на вратата која води до раскрсница за тоа по кој пат ќе се продолжи. Колку побргу ја отвори вратата и го избере патот, толку побргу ќе се знае што ќе се случува понатаму.

Едниот од двата пата е да се забави со растот на компанијата и обид да се врати во претходната фаза кога едноставно семејната атмосфера која што постоела довела до растот кој е постигнат.

Вториот пат е да се продолжи со растот преку имплементација на менаџмент системи кои ќе бидат доволно силни за да го понесат теретот на трансформациите кои што следуваат. Но, прашањето е кој ќе ја преземе таа улога?

Во секој случај и двата пата се оправдани за претприемачот. Сепак, тој од ништо веќе создал нешто. Дали ќе се оддржи на патот на растот или пак едноставно претприемачот ќе си ги ужива благодетите од досега оствареното ќе зависи од него. Неговата одлука ќе биде една од најтешките во неговата претприемачка кариера.

 

post

Одлуки на патот кон успехот

Поседување на сопствен бизнис и играње на претприемачката игра не е лесна задача за вас. Доколку претприемништвото било толку лесно нема да има вработени. Секој ќе биде претприемач.

Но, различни луѓе имаат различни движечки сили кои ги носат до успехот. Некои луѓе сакаат да го прават она што навистина сакаат да го прават, без разлика на приходите што ќе ги добијат, некој ќе сака да го задржи зголемувањето на бизнисот до најмногу десет луѓе.

Да погледнеме некои прашања кои ќе бидат корисни доколку сакате да ја најдете вашата движечка сила што ќе ве однесе до успехот.

#1 Што навистина сакате да правите?

Дали навистина сакате да го правите она што вашиот бизнис ќе го побара од вас? Тука не станува збор само за сакање, веројатно најважниот дел е да се знае што е она што навистина треба да се прави.

Многу пати, претприемачите не се ни свесни што се е потребно да прават за нивниот бизнис. Тоа е првиот и можеби најголемиот конфликт помеѓу нив и нивните компании.

Но, ако знаете што треба да се правите, а тоа е многу повеќе од иновирање во областа на вашиот бизнис ќе треба и да сакате да го правите. На пример, ќе треба да управувате, да размислувавате за финансии, набавка, маркетинг…

#2 Што е со вашата сегашна состојба?

Важно да знаете што е она што го имате денес во вашите раце. Ќе треба да знаете што имате, и што потенцијално може да изгубите со започнување на бизнисот.

Понекогаш, вашата сегашна состојба може да ве врати назад, што значи дека нема да ги преземете чекорите што треба да се преземат.

#3 Колку голем сакате да биде вашиот бизнис?

Некои претприемачи не сакаат да имаат голем бизнис со многу вработени и без семејна атмосфера.

Други сакаат да го развиваат и раснат својот бизнис колку што е можно повеќе.

Различните пристапи поинаку ќе го дефинираат вашиот успех и патот до тој успех.

#4 Што е со финансиите?

Вашите финансии многу пати ќе бидат важен креатор на патот кон успехот.

Дали ви се потребни дополнителни средства? Како ќе ги добиете? Дали ќе треба да се откажете од некој дел од вашата компанија? Кој ќе одлучува?

Ова се важни прашања за вашиот бизнис и секако вашето работење во иднина.

#5 Што е со вашите лични морални вредности?

Вашите лични морални вредности многу пати ќе ја дефинираат иднина на бизнисот. Тие ќе бидат патоказ кој ќе ви каже кога ќе треба да ја менувате насоката на движење, за да останете на вистинскиот пат, единствениот кој води до успехот.

Овие вредности ќе ви помогнат да ги разликувате добрите од лошите работи и многу пати вашите одлуки ќе се базираат токму на нив.

#6 Што е со луѓето со која сакате да работите?

Не можете да бидете, или не можете да останете сам, кога сте претприемач. Ќе морате да работите со различни луѓе на дневно, неделно или месечно ниво.

Каков тип на луѓе ви се допаѓаат, и со кои луѓе ке сакате да работите, ќе влијае на вашите бизнис одлуки.

#7  Подготвени сте да преземате ризик! Но, колку?

И како последно, но исто така важно е ризикот кој сте спремни да го поднесете. Секој потфат значи ризик за вас, вашето семејство и вашиот бизнис. Колкав ризик можете да преземете?

post

Бизнис одлуки

Како еден претприемач твојата работа во голем дел ќе биде да носиш одлуки за твојот бизнис. Не важно дали сакаш или не сакаш да носиш одлуки. Ќе мора да одлучуваш бидејќи сакаш да бидеш претприемач.

Што ќе направиш? Што треба да направиш? Кој ќе направи што? Како твојата компанија ќе продава? Како ќе ги понудиш твоите производи или услуги?

All of these and much more are everyday questions that you as an entrepreneur must answer, or make decisions about them.

Одлуките не се носат само заради тоа што треба да одлучиме за нешто. Ни требаат добри одлуки, или вистинските одлуки кои ќе ја зголемат бизнис потенцијалната енергија на компанијата.

Кои се најважните фактори за донесување на добри одлуки за нашата компанија?

Што точно значи една квалитетна претприемничка одлука?

Одговорите на овие две прашања се дадени во mindmap-от подолу.

 

Бизнис одлуки

Фактори на кои се базираат добрите бизнис одлуки

  • Ти треба знаење за предметот на одлуката доколку сакаш да ја донесеш вистинската одлука.
  • Твоето искуство во предметот на одлучување само ќе го подобри севкупниот процес. Нема да му наштети, а ти треба.
  • Твоите вештини се важен дел од целиот процес и донесување на најдобрата одлука.
  • Потребни ти се одредени информации врз база на кои ќе ја донесеш одлуката.
  • Понекогаш ќе ти треба и среќа.
  • Во ситуации кога недостасуваат информации, а ќе ги има многу, ќе треба да се базираш и на сопствениот инстикт.
  • Одлуките се базираат на логични заклучоци. Како на еден претприемач ти треба логично размислување.
  • Голем дел на процесот на донесување на одлуки се базира токму на анализи.

Квалитетни одлуки се одлуки кои:

  • се имплементирани,
  • ја водат твојата компанија кон успехот,
  • ја подобруваат твојата компанија и
  • ги решаваат вистинските проблеми.

Доколку донесеш одлука која нема да биде имплементирана, исто е како и да не си одлучил за тоа нешто. Не гу би време за донесување на одлуки кои нема да бидат имплементирани.

Зошто ги носиш одлуките? Бидејќи сакаш твојот бизнис да успее.

Секоја одлука е дел од процесот на решавање на проблеми. Секој процес на решавање на проблеми е дел од процес на подобрување.

Мора да ги приоритизираш одлуките. Првин, мора да бидат решени вистинските проблеми.

post

Одлука за акција

Секојдневно донесуваме одлуки. Тоа е факт!

Понекогаш имаме време за проценки, анализи, алтернативни решенија, избор на алтернативно решение… Понекогаш одлуката едноставно излетува од нашиот мозок и се претвора автоматски во акција. За времето и неговото влијание повеќе можете да прочитате во временска рамка помеѓу одлучување и имплементација. Секако не треба да се заборави и важноста да се донесат брзи одлуки.

Понекогаш одлуките за превземање на некоја акција ги спроведуваме систематично. Но, понекогаш едноставно се базираме на интуиција.

Донесување на одлуки е процес кој претставува последица на решавање на проблеми. Колку е проблемот покомплексен, толку ќе се бара и поголема внимателност и систематичност на претприемачот.

Проблемот е последица на одредена наша анализа. Проблемот е нешто што не е како што треба и бара решение за да состојбата на системот биде онаква како што треба.

Но, тие проблеми не се само заради слабости на системот како внатрешен елемент на бизнисот и заканите кои доаѓаат кон системот како надворешен елемент на бизнисот. Можеби најголемата грешка кога станува збор за адекватна анализа на проблемите со кои е соочен еден бизнис е што најчесто се фокусираме само на слабостите и заканите. Тие иако се важни и во голем број на случаи предизвикуваат проблеми кои бараат решение, сепак не се и единствени.

Проблемите може да бидат и последица од анализи на силните страни на системот како внатрешни елементи и секако можностите кои претставуваат надворешни елементи.

Сето ова што досега го опфатив во овој пост покажува една многу важна корелација помеѓу проблемите (кои доаѓаат преку силни страни, слабости, можности и закани) и секако бизнис идеи (кои се резултат на процесот на одлучување – доаѓање до и избор на алтернативно решение).

Затоа и графикот кој тука ќе го презентираме е важен како за постојано генерирање на бизнис идеи така и за одлучување во однос на акција која треба да се превземе (кликни за поголема верзија).

Донесување на одлука за акции

Донесување на одлука за акции

Процесот е едноставен. По анализа на силните страни, слабостите, можностите и заканите на бизнисот за сите 4 се генерираат два вида на алтернативи. Првиот е сегашни алернативи кои може да се применат веднаш и кои се во тек со времето во кое се однесуваат проблемите. Додека, вторите се идни алтернативи кои бараат поглед во иднината и за кои е потребно подетално разгледување заради нивна примена. Овие вториве се важни за претприемачите, бидејќи тие се креатори на иднината. Откако ќе се генерираат доволно алтернативи следува избор на најсоодветните при што едни ќе се отфрлат, додека останатите ќе се прифатат за кои веднаш следува превземање на акција.

post

Дали носите добри одлуки?

Добри одлуки

Добри одлуки

Како еден претприемач приморани сте секојдневно да носите одлуки – да пресечувате за различни прашања поврзани со вашиот бизнис. Некои одлуки се крупни и може да имаат големо влијание врз вашиот бизнис, но некои одлуки се мали и секојдневни кои немаат големо влијание врз вашиот бизнис или пак немаат краткорочно видливо влијание (доколку се изземе ефектот на пеперутка кај бизнисите).

Дури и вашата To-Do листа и тоа дали нешто ќе завршите што е предвидено за денес или ќе го оставите за утре претставува еден вид на одлука. Дури и да не донесете одлука за нешто претставува еден вид на одлука (нулта одлука).

За да видите дали сте добар „одлучувач“, односно дали носите добри одлуки и да ја увидите можноста од ваше лично подобрување одговорете ги следниве прашања:

1. Со колку одлуки сте соочени на дневна основа?

Започнете со анализа на вашиот просечен бизнис ден. Колку одлуки донесувате во просек дневно? Можеби прмногу потребни одлуки во еден ден од ваша страна ви вршат притисок и со тоа се зголемува веројатноста во дел од тие одлуки и да погрешите.

2. Какви се тие одлуки?

Дали тие одлуки се важни за секојдневно работење? Дали тие одлуки се секојдневни при што може да се автоматизираат? Морате ли токму вие да ги донесете? Што ќе се случи доколку некој друг донесе дел од тие одлуки?

Ова се прашања кои ќе ви помогнат да ги класифицирате одлуките кои ги носите на дневна основа како по важност, така и по приоритет.

3. Колку од одлуките делегирам?

Дали и колку од одлуките ги делегираш на останатите луѓе во бизнисот? Какво е досегашното искуство?

Ова е многу важно прашање бидејќи повеќето претприемачи се обидуваат да бидат столбот за сите одлуки како да бизнисот не може без него во сите аспекти од работењето. Ова може да биде погрешен пристап во практицирање на претприемништвото и нормално да доведе до неуспех на бизнисот.

4. Што преферирате повеќе акција или анализа?

Понекогаш во процесот на донесување на одлуки претприемачот може да се однесува на два начини:

  • Да реагира (донесе одлука) а потоа да ги анализира последиците и
  • Да ги анализира можните последици а потоа да донесе одлука.

Доколку сте првиот вид на претприемач вие носите брзи одлуки и навистина реагирате брзо на секоја ситуација. Но, една таква брзина може да доведе до грешки за кои подоцна ќе се каете зошто сте ја донеле таквата одлука.

Од друга страна доколку вие прво ги анализирате можните последици од можните одлуки веројатноста е поголема да донесете добра одлука, но времето за анализа понекогаш може да значи задоцнето носење на одлуки.

5. На какви информации ги базирате одлуките?

Квалитетна одлука бара квалитетни информации. Може да има различни ситуации во зависност од тоа како ги гледаме информациите. Но важно е да ги класифицирате потребните информации за различните одлуки во однос на важноста и приоритетот. Па така некои одлуки ќе бараат краткорочни информации базирани на чувство, додека другите ќе бараат долгорочни информации базирани на интуиција.

6. Имате ли систематски приод во процесот на одлучување?

Добро размислете на оваа прашање бидејќи може да биде од исклучителна важност за вашиот бизнис. Проучете го добро процесот на одлучување и доколку можете, а можете додајте еден вид на систематски приод во истиот. Ова значи дека одлуките ќе се донесуваат врз база на издржани механизми поставени во самиот систем на вашиот бизнис.

post

Временска рамка при одлучување – имплементација

Одлуки и имплементација

Одлуки и имплементација

Донесување на одлуки претставуваат секојдневна активност на еден претприемач. Дали се тоа добри или лоши одлуки, дали е тоа одлука за да не се донесе одлука (нулта одлука) или пак нешто друго постои една карактеристика – временска рамка помеѓу донесување на одлука и имплементација на истата.

Исак Адижес вели дека за еден ефикасен и ефективен организациски систем потребна е демократија во донесување на одлуката, додека за имплементацијата се бара цврста рака – диктатура. Еден таков процес тој го нарекува како демократура.

Но, целта на овој пост не е доброто носење и спроведување на одлуки, туку некои опасности кои може да се појават од донесување до имплементација на одлуката.

Процес на донесување на одлуки

Процесот на донесување на одлуки се одвива во повеќе фази. Различни автори дефинираат различни фази. Но, во глобала сите се однесуваат на ист или сличен процес. Тука за целите на овој пост ќе ги искористам фазите за одлучување од Проф.Д-р Тодор Кралев (книгата Основи на менаџментот):

  1. Дефинирање и анализа на проблемот,
  2. Оформување на алтернативни решенија
  3. (Пр)оценка на алтернативните решенија
  4. Избор на решението (одлука)
  5. Примена на одлуката и
  6. Контрола на одлуката.

Ова значи дека за да бидеме вклучени во процес на одлучување мора да постои проблем чие решение ќе претставува нашата одлука.

Временска рамка помеѓу донесување и имплементација на одлуката

Како што можете да забележите од горните фази првите 4 се однесуваат самиот процес на донесување на одлука, додека 5-тата фаза е имплементација на решението, односно одлуката. Шестата фаза е контрола која обезбедува повратна врска заради процесот на континуирано подобрување.

Пред да дојде моментот за примена на одлуката имаме 4 фази кои во некои случаи можат да траат и навистина подолг временски период. Оваа временска рамка може да доведе до тоа да одлуката  стане неприменлива (промена на околностите врз основа на кои е донесена таа одлука).

Сепак ова зависи од многу околности во кои стопанисува вашиот бизнис како и видот на проблемот и потребното решение на истиот.

Затоа треба да се има во предвид дека ќе постои еден временски период од појава на проблемот и започнување на барање на негово решение до имплементација на решението за проблемот.

Не е лошо уште во самиот процес на донесување на одлука да се размислува и на периодот за имплементација доколку процесот на донесување на одлуки се однесува за решение кое бара навистина подолг временски период. На ваков начин уште во самиот процес ќе се имплементира и временската рамка и последиците од неа.

Но, сепак е најдобро во услови на висок степен на промени во околината одлуките да се донесуваат брзо. Можете повеќе да прочитате за брзината на одлучување во Важност на брзи одлуки.

post

Имплементација наспроти донесување на одлука

Овој краток напис е инспирација од еден цитат на Guy Kawasaki кој Dharmesh Shah еден од авторите на една од најпродаваните книги за маркетинг на Amazon (Inbound Marketing) го твитна денес.

Овој цитат вели:

Тежок дел е имплементацијата на одлуката, а не донесувањето.

Доколку по фази го разгледуваме донесувањето на одлуки, односно доколку тргнеме од самиот проблем кој претставува основа на потреба од некоја одлука овој цитат ќе изгледа нелогичен.

Зошто е тоа така?

Еве го процесот на донесување на одлуки низ фази во вид на пред донесување на одлука и по донесување на одлука:

  1. Откривање на постоење на проблем.
  2. Анализа на проблемот.
  3. Дефинирање на можни решенија на проблемот.
  4. Анализа и оценка на можните решенија.
  5. Избор на најдобро решение (одлука).
  6. Примена на решението.
  7. Контрола на имплементација на решението.

Од овие 7 фази првите 5 се однесуваат на процесот на донесување на одлука додека последните две (6 и 7) на имплементација на веќе донесената одлука. Па, како тогаш согласно цитатот имплементацијата (има 2 фази) е потешка од самото донесување на одлука (има 5 фази)?

Првите 5 фази зависат од нас самите. Го откриваме проблемот, го анализираме, предлагаме решенија и го избираме најдоброто решение. Но, имплементацијата не зависи од самите нас. На пример, менаџерите или пак претприемачите донесуваат одлуки но истите се имплементираат од страна на други луѓе – вработени. Доколку тие не го имплементираат Вашето решение онака како што Вие сте го замислиле целиот процес на донесување на одлука е залуден.

Секаде каде што имплементацијата е во рацете на оние кои не одлучуваат за тоа решение ќе биде потешка.

Од друга страна имплементацијата е веќе практична работа или превземање на вистинска акција која е и прва претприемничка особина. Лесно е нешто да се испланира на хартија, но тешко е да се спроведе во пракса. Многу добри одлуки кои остануваат на хартија едноставно се никакви или некорисни одлуки. Затоа, колку и да е тешка имплементацијата доколку сте донеле одлука имплементирајте ја.

Значи вака гледано имплементацијата е составена од 2 фази, но во составот на тие фази има повеќе подфази, на пример:

  1. План на имплементација
  2. Конкретни активности на имплементација
  3. Одговорности
  4. Мерни индикатори
  5. Спроведување на активности
  6. Следење на спроведените активности
  7. Споредба на реалноста со мерните индикатори.