Подобрување! За да одржите висока конкурентска предност мора да се подобрувате!
Ова е четврти месец од теми на претприемач од областа на претприемништвото. Имате 30 дена за да примените се што ќе научите од оваа тема која се однесува на подобрување.
Се по одреден временски период застанува, само подобрувањето продолжува.
Кога станува збор за подобрувањето во бизнис цели, би требало да се насочиме на:
- подобрување на бизнсот
- подобрување на луѓето
- подобрување на вредноста
Овие подобрување една со друга се меѓузависни. Не можете да го подобрите бизнисот без да ги подобрите и вработените. На пример, не е можно подобување на еден бизнис процес да се оствари со неподобрени активности на вработени кои го спроведуваат тој процес.
Од друга страна, подобрувањана на бизнисот и подобрувањата на луѓето во него имаат за цел да ја подобрат вредноста која бизнисот ја нуди на потрошувачите.
Подобрувањето во најголем број на случаи е последица на грешки
Секое големо подобрување се појавува по повторување на грешка. Буквално ништо не се изведува правилно од прв пат. Грешки, повторени грешки, се помагала на патот кон остварувањата. ~ Charles Franklin Kettering
Точно е дека е тешко нешто да се изведе како што треба од првап. Секоја грешка претставува, учење и креира знаење а со тоа и подобрување.
Кога се двоумите за нешто, разгледувајте и поставувајте прашања. Кога сте сигурни разгледувајте подлабоко и запрашајте се со уште повеќе прашања. ~ George S. Patton
Прашањата кои можат да ви го покажат патоказот за подобрување се следниве:
- Зошто погрешив?
- Како погрешив?
- Каде погрешив?
- Како да не погрешам во иднина?
Подобрување е последица на промени!
Секоја промена која доаѓа од внатрешноста или надворешноста на вашиот бизнис има потенцијал да доведе до подобрување. Сепак, дали ќе менувате нешто со што вашиот бизнис ќе остане ист или неподобрен? Најверојатно одговорот е не.
Вие како претприемач ќе мора постојано да ги следите изворите на промени кои може да доведат до подобрување поради следниве причини:
- Кога се знаат изворите (причини) за промени, претприемачите поедноставно ќе можат да го испланираат процесот на промените.
- Бидејќи промени претставуваат решение на некој проблем, така изворот на промени го расветлува проблемот кој треба да се реши
- Познавањето на изворите на промени дава одговор на тоа кога организацијата треба да се менува
- Изворите на промени не дозволуваат фирмата да влезе во зимски сон, туку ја одржуваат будна за да може соодветно да реагира на сите тие сили кои бараат промени
- Надворешните и внатрешните извори на промени ја одржуваат фирмата во рамнотежа со околината.
Значајнста на навремено откривање на изворите на организациските промени ја прикажува Peter Senge во неговото дело Пета дисциплина (The Fifth Discipline: The art and practice of the learning organization). Тој ненавременото откривање на изворите (причините) на организациските промени го споредува со парабола на „варена жаба“. Senge опишува дека кога жаба ќе ставиме во врела вода таа веднаш ќе се обиде да излезе од садот во кој се наоѓа водата, но доколку во садот има вода со собна температура, жабата ќе остане во садот.
Ако постепено ја зголемуваме температурата на водата на 20 до 25 оC жабата нема да реагира и дури ќе покажува знаци на задоволство и удобност. Со понатамошно покачување на температурата, на жабата ќе и биде се потопло и потопло, но нема да реагира се додека веќе не биде во состојба да реагира и ќе се свари. Senge вели дека ова се случува заради тоа што жабата има внатрешен детектор на закани кој е подесен на ненадејни крупни проблеми. Слично може да се случи и со бизнисите (организациските системи) кои постојано се наоѓаат под одредено влијание на околината. Доколку во околината се случат крупни проблеми претприемачот ќе возврати со организациски промени со кои ќе избегне да тие промени во околината влијаат негативно на работењето на неговиот бизнис. Но, доколку промените во околината се постепени и постојани, претрпиемачот нема да одговори на истите закани се додека не сфатат дека веќе е предоцна да се стори нешто за опстанок.
Што сакаат потрошувачите?
Можеби најзначајниот иницијатор на промени заради подобрување ќе биде одговор на оваа прашање: Што сакаат потрошувачите? Сепак вашиот бизнис опстојува заради нив.
За оваа цел развивме еден систем као можете да го користите оваа прашање:
- Секое утро пред почеток со редовната работа запрашајте се што сакаат потрошувачите денес? Напишете, направете и понудете им го тоа. Распространи ја информацијата преку сите социјални медиуми на кои сте застапени.
- Следете ги вашите сегашни и идни потенцијални потрошувачи? Каде се тие? Што прават? Што сакаат? Што не сакаат? Тука се одговорите што треба да понудите. Запомнете бизнис системите, бизнис процесите, бизнис моделите служат за подршка на вашата понуда. Вашите потрошувачи нив не ги познаваат, но ја анализираат вашата понуда. Секое подобрување во тие бизнис елементи треба да доведе до подобра понуда.
- Барајте трендови на интернетот за вашите потрошувачи или за слични такви потрошувачи на глобално ниво. Следете постојано како би биле во тек со промените на нивните навики, потреби или желби. Во исто време подгответе се за таквите подобрување. Вие сте лидер!
- Прашајте ги вашите тековни потрошувачи што сакаат? Ова е директно прашање и директен одговор кој ќе ви даде можни подрачја на подобрување. Користете го постоајно преку директен контакт, вашиот блог, или пак со праќање на директна пошта.
Можете повеќе да прочитате во постот Што сакаат потрошувачите.
План за имплементација на подобрување
Подобрувањата може да бидат:
- планирани подобрувања
- непланирани подобрувања
Планирани подобрувања се карактеристика на претприемач кој превзема акција, додека непланирани подобрувања се случуваат како реакција на променети околности во бизнис опкружувањето. Најдобро е да бидете лидер, вие да ги планирате и имплементирате подобрувањата со што конкурентската предност секогаш ќе биде на страна на вашиот бизнис.
Направете план кој ќе содржи одговор на следниве прашања:
- Што ќе се подобрува?
- Како ќе се подобрува?
- Кој ќе подобрува?
- До кога треба да се имплементира подобрувањето?
И нормално, за крај започнете со обврзување и целосна имплементација на планот.



