post

Предиктивно размислување во претприемништво

Сакам да ја завршам оваа недела со уште едно контрадикторно од традиционалните размислувања за бизнис, претприемништво и иновации. Тука малку ќе навлезам во еден традиционален пристап наречен како предиктивно размислување на што можеби се базира целокупното досегашно промовирање на претприемништвото.

Едноставно научени сме да размислуваме дека ако го направиме А чекорот ќе стигнеме до Б, а потоа до В.

Ако ја преземеме таа акција можеме да ги очекуваме овие резултати. И само доколку ги постигнеме тие резултати можеме да продолжиме со нашиот план.

Едноставно, се обидуваме процесот на претприемништво да го прикажеме како еден софтверски програм во кој можеме се да испрограмираме.

Но, што доколку не ги постигнеме тие резултати? Дали можеме да ги предвидиме сите можни ситуации во кои ќе се најде нашиот бизнис?

Замислете дека имаме 10 можни ситуации, а за деловниот свет оваа е нереално бидејќи можат да бидат стотици па и илјадници можни варијации на различни ситуации. Доколку ви оди математика лесно ќе сфатите што значи тоа.

Замислете дека ни требаат 10 чекори за една можна варијација на ситуација. Тоа се предвреме дефинирани 100 чекори. Зборувам во најмала рака, затоа што ако имаме 100 ситуации, што може да биде случај ќе имаме 1000 предвидени чекори (доколку се потреби само 10 чекори). 20 чекори ќе бараат 2000 предвреме дефинирани чекори.

Дали го можете тоа?

Предиктивно размислувања бара предвидлив свет

Да, предиктивно размислување иако е потребно во некои аспекти на водење на бизнисот, сепак нема да ве доведе до посакуваниот успех.

Зошто?

Затоа што предиктивно размислување функционира во предвидлив свет.

А светот во кој живееме денес може да биде се само не предвидлив свет.

Зошто предиктивно размислување не одговара денес?

Пред повеќе децении работите околу нас беа многу поразлични. Нештата се движеа поспоро. Производите траеа со години. Што значи и дека се беше попредвидливо. Зборувавме преку фиксен телофон со години. Гледавме телевизија во точно определено време и тоа само неколку канали. Со години праќавме писма, телекси, па факсови… Беа потребни денови за да испратиме информација од еден град во друг. За подалеку да не размислуваме.

Во тие денови, ние луѓето имавме помалку опции за избор. Во зависност од тоа која генерација сте сигурно се сеќавате кога имаше само неколку чоколади од кои можевте да изберете. Еден вид на бикче за бричење.

Во едно такво опкружување промените не се случуваа во секунда. Можевте да се движите пополека. Имавте време за планирање.

Денес сеуште можете да ги подготвите сите тие планови за вашиот бизнис, но од моментот кога ќе го лансирате веднаш ќе видите дека се бескорисни.

Затоа што денес едноставно живеете во светот на неизвесноста.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*