Да, премногу цели за постигнување, понекогаш, ако не и секогаш ќе биде многу полошо отколку воопшто да се нема цел. Зошто? Затоа што е подобро ништо да не преземаме отколку да се загубиме во џунглата на активности кои треба, а не можеме да ги спроведеме за да ги постигнеме поставените цели.
Еве некои факти кога станува збор за цели и нивната количина.
- Премногу цели создаваат конфузија – збунетост.
- Премногу цели го отежнуваат процесот на приoритизација.
- Целите бараат промени, а премногу цели ќе бараат премногу промени, што значи и премногу проблеми за вас и вашиот бизнис.
- Премногу цели, бараат премногу активности, премногу активности бара премногу време, а имаме само 24 часа дневно, седум дена во неделата.
- Премногу цели доведуваат до излегување од рамката на вршење на една работа во моментот.
- Премногу цели доведуваат до дефокусираност.
- Премногу цели доведуваат до нервоза кога ќе се појават „тесните грла” за нивното постигнување.
- Премногу цели доведуваат до разочарување кога ќе се сфати дека ниедна од тие цели не се постигнува.
- Премногу цели едноставно го рушат системот на поставување и користење на цели заради обезбедување на успех во вашиот бизнис.
- Премногу цели создаваат непродуктивност во вашиот бизнис.
- Целите се специфични, а премногу цели доведуваат до премногу различни специфичности кои што тешко се контролираат.
- Целите содржат временска рамка, а премногу цели содржат мултиплицирани временски рамки кои честопати се преклопуваат и доведуваат до т.н. „тесни грла”.
- Целите се мерливи, а премногу цели доведуваат до премногу мерки кои тешко може да се следат.
- Целите се поставуваат за да се постигнат, а премногу цели бараат премногу постигнувања кои се премногу за еден претприемач.
Разгледајте ги уште еднаш овие 14 работи кога станува збор за поставување на премногу цели пред вас како еден претприемач и добро размислете кога повторно ќе поставувате цели.
Speak Your Mind