post

10 Причини зошто не успевате да постигнете што сакате да постигнете

Сте се нашле ли во ситуација кога едноставно не успевате да постигнете нешто што сте планирале да постигнете? Ако веќе сте се нашле во една таква ситуација, веројатно веќе сте си го поставиле прашањето зошто тоа ви се случува вам.

постигнете

Во овој наслов на претприемач, сакам да споделам десет најголеми причини за непостигнување на планираното (или посакуваното) кои што успеав да ги групирам преку едно истражување спроведено на дваесетина претприемачи, но и мое лично искуство.

Вашиот мал бизнис во голем дел ќе се базира токму на вашите постигнувања и постигнувања на тимот кој работи во вашиот бизнис. Како еден претприемач не смеете да си дозволите да работите без постигнувања, бидејќи на таков начин вашиот бизнис ќе почне да страда.

Но, еве ги десетте најголеми причини зошто не можете да го постигнете онаа што сакате (или треба) да го постигнете:

  1. Сакате да постигнете премногу постигнувања. Доколку имате нереални цели, или пак нереални очекувања веројатно ќе се обидувате да постигнете премногу работи што едноставно е невозможно. На пример, доколку сакате да постигнете 5 работи денес, а во исто време имате потенцијал за три работи кој што е обликуван врз основа на вашето време, тогаш не можете да очекувате дека ќе постигнете се што сакате да постигнете. Кога ги поставувате вашите секојдневни потребни постигнувања обидете се да бидете реален и поставете си ги само најважните работи кои навистина можете да ги постигнете во определен временски период.
  2. Интернетот едноставно го „хакира” вашето време. Веројатно веќе имате искуство кога едноставно започнувате да работите на вашиот компјутер, па едноставно го отворате вашиот RSS читач за да прочитате нешто од денес, потоа кликнувате на разни линкови на разни сајтови… Интернетот е најмоќниот „хакер” на вашето време. Го нарекувам овој процес како „хакирање” на времето бидејќи се што сте планирале да постигнете за денес, едноставно станува неприменливо.
  3. Многу едноставно може да ви биде одвлечено вниманието од страна на вашите „пријатели” на социјалните медиуми. Исто како и во претходната причина, кога започнувате со работа едноставно ве привлекува Facebook, Twitter или пак Google+ за да видите што споделуваат вашите пријатели, кои се новините, што тие прават, како го поминале нивното време вчера итн. Овие сајтови се направени на таков начин за да успеат да ви преземат колку што можат повеќе време. Затоа лесно можете да откриете дека вашето време е едноставно „вшмукано” а вашите задачи ќе останат незавршени иако ви овозможуваат постигнувања и покрај вашите намери да ги завршите.
  4. Постојано прекинувате со работа на онаа што го работите само за да го прочитате штотуку примената епошта. Во најголем број на случаи вие примате епошта во време кое некое друго лице (испраќач) смета дека е вистинско време за да ви го прати, а не време за кое вие сметате дека е вистинското. Кога работите на вашите постигнувања кои сакате да ги постигнете, на ваков начин едноставно станувате „жртва” на добиена епошта кој едноставно ви го одвлекува вниманието од работата заради ваша желба да видите што се случува во самошто добиената информација. За да го избегнете оваа, едноставно затворете го вашиот email клиент и работете на задачите кои ќе ви овозможат да го постигнете онааш што сте го предвиделе за постигнување денес, а подоцна секогаш ќе има време да ги процесирате сите добиени пораки.
  5. Вашето работно опкружување овозможува луѓето да влегуваат кај вас без некоја силна причина за тоа. Ако вашата работна околина е дизајнирана така да секој може да влезе без да има причина за тоа, не можете да очекувате дека ќе постигнете се што сте планирале да постигнете за денес. Мора да воспоставите различни правила кои ќе го оневозможат ваквото свртување на вашето внимание бидејќи на крајот од денот вие нема да го постигнете планираното.
  6. Постојано „скокате” од една важна задача на друга. Доколку вашата „да направам” листа е преполна со разни задачи од разни проекти и различни контексти едноставно ќе започнете да „скокате” од една на друга задача со цел да ја зголемите вашата продуктивност. Но, често пати оваа е сосема контрапродуктивно за вас како еден претприемач затоа што едноставно вашиот фокус ќе биде на многу пониско ниво отколку што треба да биде. Направете сопствена приоритизација и не започнувајте со следна важна задача се додека не ја завршите најприоритетната на листата.
  7. Не сакате да делегирате. Можеби овој проблем е и многу поширок од причината која ја наведувам тука, но планирам еден сосема нов наслов на оваа тема кој ќе се однесува на „направи се сам синдром” кој го забележувам кај скоро 99% од претприемачите. Сепак, доколку не делегирате тоа е сосема валидна причина да не постигнувате. Мора да бидете свесни дека вашиот потенцијал е ограничен поради разни надворешни и внатрешни фактори. Доколку сакате да ги постигнувате работите кои сакате да ги постигнете, мора да започнете да делегирате и тоа да биде едноставно ваша секојдневна рутина.
  8. Немате јасна „да направам” листа за денес. Доколку не знаете што треба да направите денес, не можете да очекувате дека вашата продуктивност и фокус ќе бидат на највисоко можно ниво за да го постигнете она што сакате да го постигнете. Обидете се да користите навистина специфични „да направам” листи кои ќе ви овозможат бргу да започнете со најголемите приоритети и да го завршите сето онаа што сте го ставиле на листата.
  9. Имате премногу состаноци. Уште една причина за слаби постигнувања претставува да имате премногу состаноци кои се слабо организирани и менаџирани. Состаноците понекогаш може да бидат навистина најголеми непријатели на вашата сопствена продуктивност бидејќи едноставно таквите состаноци може да траат со часови. Ако сте одговорен за организација на состанокот обидете се да ги направите колку што може пократки и секогаш користете агенда.
  10. Немате распоредено време за работа и останати работи во вашиот живот. Кога го мешате работното време и личното време, навистина е тешко да постигнете се што планирате да постигнете. Затоа, поделете го вашето време на работно и домашно време, а потоа користете го соодветно за да ги постигнете вашите професионални и лични цели.

Прашање: Како успевате да го постигнете онаа што сакате да го постигнете? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*