post

Премногу нереални цели е полошо од немање на цели воопшто

Понекогаш навистина претеруваме. Дали, поради недоволно самопознавање или пак поради нешто друго сепак знаеме да претераме.

Знаеме да си поставиме цели кои не се реални, кои се премногу на број и кои никако не можеме да ги реализираме.

Во една таква состојба едноставно може да се случи да почнеме премногу работи, а ниедна од нив да не биде завршена до крај.

Премногу нереални цели е полошо отколку да немаме воопшто цели. дефокусираност, стресни ситуации, конфузија… Сето тоа се резултати на премногу нереални цели кои сте ги поставиле пред вас како еден претприемач.

  • Целите претставуваат основа за остварување на вашата претприемачка визија. Ни помалку ни повеќе. Едноставно, тие треба да обезбедат чекор по чекор да се приближувате кон вашата долгорочна визија. Тие не претставуваат волшебно стапче кое утре ќе доведе до остварување на визијата.
  • Целите бараат планови. Целите само како цели без конкретни планови претставуваат само пишани или непишани зборови. Ви требаат ли цели кои ќе стојат на хартија, или едноставно во вашиот мозок и кои ќе ги гледате секојдневно без да знаете што треба да правите? Секако дека не. Премногу цели ќе бараат и премногу планови и покомплексни планови кои ниту може да се започнат со имплементацијата, ниту може да се реализираат онака како што треба.
  • Плановите содржат задачи/активности. Секој план мора да содржи активности, доколку сакате да го имплементирате. Но, премногуте цели, премногуте планови и комплексноста на плановите ќе бараат и премногу активности. Прашањето е дали ќе можете да ги спроведете во периодот за кој се однесуваат тие цели и планови.
  • Задачите/активностите бараат труд од страна на претприемачот. Секоја задача, односно активност е нешто што бара вложен труд. Не можете да очекувате дека доколку се ставени задачите на хартија тоа гарантира дека ќе бидат и реализирани. Потребно е да ги завратите ракавите и да започнете со работа. освен вложен труд ќе треба да вложите и време за секоја од задачите. Повтроно, можете ли?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*