post

Претприемач: Претходна недела од 30-ти август и идна недела од 3-ти септември 2010

Претприемач - Претходна и идна недела

Претприемач - Претходна и идна недела

Да направиме рекапитулар на неделата што измина и секако планот на постови за следната недела. Следува сублимирање на претходната недела и распоредот за идната недела.

Понеделник, 30.08.2010 – Како да се преживее во слаба економија и конкурентен пазар?

Преживување, главаната грижа на секој претприемач. Во постот се дадени 30 совети за тоа како да се преживее во слаба економија како нашата и конкурентен пазар.

Вторник, 31.08.2010 – Размена на банери – Маркетинг средство 68

Размена на линкови претставува 67-мо маркетинг средство на претприемач. Во серијалот за оптимизација за пребарувачи веќе пишувавме на оваа тема, но сепак со овој пост како дел од серијалот маркетинг средства ќе дообјаснам некои елементи.

Среда, 01.09.2010 – Зголемување на креативност преку 6 совети

Овој пост е резултат на оживување на еден постар пост на претприемач со тоа што е освежен и дополнет. Во него можете да прочитате за 6 совети кои можат да ви помогнат да ја зголемите креативноста за доаѓање до добри бизнис идеи.

Четврток, 02.09.2010 – Купувачот е поумен од продавачот

Во овој пост се дадени некои размислувања во однос на тоа дали купувачите се поумни и поспремни од продавачите и какви се нивните очекувања. Постот претставува приказ на неколку мои лични искуства со продавачи и какво било моето однесување во однос на нив и бизнисот за кој работат.

Петок, 03.09.2010 – Фаза зрелост од животниот циклус на производите

Стигнавме до фазата зрелост од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на официјалната продажба. Тој производ влезе во фазата на раст и сега веќе доаѓа во една фаза наречена зрелост. Оваа фаза од животниот циклус на производи е најдолгата по времетраење фаза во која растот се намалува а продажбата се стабилизира на одредено ниво.

Идна недела на претприемач

  • Постави ниски остварливи цели, наместо високи неостварливи
  • Аутореспондер – Маркетинг средство 69
  • 10 извори на информации за анализа на пазарот
  • Оптимизација за потрошувачи
  • Преглед на книгата Making Ideas Happen
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*