post

Претприемачки мајндсет – во 2014 бидете покреативен

Оваа е вториот наслов од серијалот за промена на претприемачкиот мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за нешто многу потребно за вас како еден претприемач, а тоа е вашата креативност.

претприемачки мајндсет

Дали треба да зборувам за потребата од креативноста во еден претприемачки процес?

Веројатно не. Јасно ви е дека претприемачкиот процес во еден дел го содржи и креативниот процес. Но, оваа како што го кажувам звучи како да се користи еднаш и завршува, што пак е сосема погрешно толкување. Креативниот процес е потребен постојано бидејќи тој процес е оној кој ја зголемува вашата бизнис потенцијална енергија, а знаете дека поголема бизнис потенцијална енергија значи и поголема можност за поголема кинетичка енергија која всушност ги дава резултатите.

Не би навлегувал во детали за тоа како да бидете покреативен бидејќи досега повеќе пати пишував и презентирав различни процеси за поттикнување на креативност, па затоа тука само би ги додал дел од насловите кои можете да ги искористите за оваа намена:

Верувам дека овие наслови ќе ви помогнат да направите некои промени, односно подобрувања во имплементација на креативен процес во вашиот бизнис. Сепак, морам да напоменам дека овој дел од промена на вашиот претприемачки мајндсет е многу важен дел од процесот на промени кој со овој серијал на наслови сакам да го имплементирате.

Зголемување на вашата лична и креативноста на вашиот бизнис тим претставува важен чекор нанапред за вашиот бизнис, но сепак не доволен за да гарантира успех.

Зошто велам недоволен за да гарантира успех? Затоа што едноставно креативноста не е нешто што ќе обезбеди успех, но сепак е нешто што дава огромен потенцијал. Имам видено многу креативни претприемачи и креативни бизниси, но сепак сеуште таа бизнис потенцијална енергија не може да се искористи за генерирање на одлични резултати.

Зошто тоа е чест случај? Затоа што креативноста како фактор кој ја зголемува потенцијалната енергија на вашиот бизнис не е нешто што може таа потенцијална енергија да ја претвори во кинетичка енергија. Токму затоа следниот совет за промена на вашиот претприемачки мајндсет ќе биде за таа трансфромација на креативноста како потенцијал во нешто што ќе даде резултати.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*