post

Променете го вашиот претприемачки мајндсет во оваа 2014 година

Сакате ли оваа 2014 година да биде сосема нов почеток за вас како претприемач и за вашиот бизнис? Почеток на суштински промени без разлика на тоа за каков претприемач се сметате или пак за каков бизнис станува збор?

претприемачки мајндсет

Доколку одговорот е да, тогаш следете ги насловите од овој месец Јануари на претприемач затоа што ќе обезбедиме серијал на наслови со совети за промена на вашиот претприемачки мајндсет, не за да ве подготви само за оваа 2014 година, туку за да ве подготви за следната деценија во развојот на вашиот бизнис.

Во овој серијал од наслови на претприемач кои ќе бидат објавувани овој месец јануари, но и февруари 2014 година ќе обезбедиме неколку совети за круцијални промени на вашиот претприемачки мајндсет и вашиот бизнис воопшто.

Што значи сево ова? Значи дека доколку се најдете во позиција некоја од идеите или совет кој ќе биде дел од овој серијал на претприемач го гледате како ваша слабост, едноставно искористете го овој период од овој месец за да интегрирате првин ваши сосптвени навики на користење на истите во вашето секојдневие, а потоа и на вашите вработени.

Што значи промена на претприемачкиот мајндсет?

Тоа се сет од промени кои ќе имате можност да ги имплементирате во текот на овој месец кои ќе влијаат на промена на веќе установениот сет на однесувања кои вие како еден претприемач ги имате и имплементирате секојдневно во вашата работа.

Значи досегашните навики, досегашните однесувања и досегашните начини на изведување на работата првин ќе се променат кај вас самиот. Погледот на вашиот бизнис ќе биде сосема поразличен. Размислувањето во однос на вашиот бизнис ќе биде сосема различно. Активностите кои ги имплементирате секојдневно постојано ќе се менуваат до степен во кој ќе постигнете екселенс.

Па да започнеме…

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*