post

Претприемачкиот успех може да доведе до претприемачка ноќна мора

Претприемачка ноќна мора

Претприемачка ноќна мора

Има ли претприемач кој не сака успех? Не верувам. Толку многу креативност, напор и вложен труд за да се доведе бизнисот до пиедесталот кој може да се нарече успешност. Но, за несреќа проблемите допрва може да започнат за еден претприемач.

Секој претприемач посакува и се бори за да постигне успех во работата која ја отпочнал. Но, секој успех не носи нужно и комплетно задоволство. Во секој случај се е од корен изменето и претприемачот се сретнува со драматично изменета состојба, како на работното место така и во својот приватен живот. Ништо не е како што било порано.

Започнувањето и раната фаза од бизнисот се највозбудливи, при што е потребна идеја, креативност и визија. Предизвикот е голем, дури и ако се купи веќе разработен бизнис. Кога работата ќе тргне, предизвикот се губи, бидејќи многу работи се стандардизираат, се воведуваат системи на кои бизнисот мора да се потпира за да продолжи да функционира. Некои претприемачи обидувајќи се да си го задржат предизвикот во работата започнуваат нов бизнис за да се оствари нов предизвик, а старата фирма или ја продаваат или поставуваат менаџер, кој понатаму ќе раководи со работењето на претпријатието. Кога фирмата е мала, постои семејна атмосфера. Претприемачот ги знае вработените, работи директно со нив, одблиску ги менаџира и директно е вклучен во работата. Излегува на забави со нив. Постои една врска која во тој дел од животот претставува нераскинлива спрега.

Кога компанијата расте, атмосферата се менува, се внесуваат менаџерски нивоа, почнува да се оформува пирамидално-хиерархиска структура, на што еден претприемач некогаш гледа со незадоволство.

Кога бизнисот расте, се менуваат вештините кои му се потребни на претприемачот.

Во првите години главно се потребни технички вештини, но и познавањето на финансиите. Кога фирмата расте, потребни се следните знаења: менаџерски, мотивирачки, (рако)водни.

Кога фирмата ќе порасне, претприемачот “ја губи подлогата под нозете” и чувствува дека бизнисот веќе не зависи од него и само од него, како и дека бизнисот го водат менаџерите.

Доколку сака да има бизнис до одредено ниво, за да се посвети и на други обврски (деца, семејство, пријатели, спорт, одржување на здравје), а бизнисот несразмерно порасне, тоа доведува до конфликт со претходно зацртаните лични цели, бидејќи се јавува растргнатост помеѓу двете обврски, што предизвикува незадоволство кај претприемачот.

Сепак, успехот не е препорачливо да се отфрли и занемари. Потребно е незадоволствата да се канализираат, како и да се побараат решенија за да се намалат незадоволствата (доколку е потребно да се консултира со експерти, искусни менаџери и други стручни лица, зависно од тоа што за претприемачот претставува проблем и што му предизвикува вознемиреност и незадоволство).

Нека се постигне успехот, а ваквите незадоволства може да се средат, но добро е да се знаат.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*