post

Презентација – Маркетинг средство 46

Кога станува збор за маркетинг средства за малите бизниси и претприемачите не може а да не се каже нешто за презентација. Презентацијата можеби претставува и една од најважните маркетинг средства, особено заради тоа што по квалитетна презентација потенцијалниот потрошувач ќе донесе или пак нема да донесе одлука за купување.

Презентацијата е во директен контакт со Вашите сегашни или пак потенцијални потрошувачи. Таа мора да биде изведена на вистинскиот начин за да даде добри резултати и тоа резултати во продажбата, што секако е и целта на еден претприемач.

Презентација како маркетинг средство

Презентација како маркетинг средство

Што претставува презентација?

Презентација како што кажува и самото име едноставно претставува прикажување на нешто на некој. Но, да видиме како во Wkipedia е дефинирана презентацијата:

Презентација претставува практика на покажување и објаснување на содржината на одредена тема за одредена аудиенција или ученици.

Во дефиницијата погоре ги болдирав поважните зборови во дефиницијата:

  • Покажување и објаснување
  • Одредена тема – Ваш производ или услуга
  • Аудиенција – Потенцијлни и сегашни купувачи

Од ова, кога стнува збор за маркетинг средства можеме да заклучиме дека:

Презентација како маркетинг средство претставува покажување и објаснување на производот или услугата која еден бизнис ги нуди на потенцијалните купувачи за да станат вистински купувачи и на сегашните купувачи за да се задржат или пак за да се зголеми продажбата.

Од оваа дефинирање на презентацијата како маркетинг средство можеме да забележиме две примарни цели:

  • Привлекување на нови купувачи
  • Задржување на постоечки купувачи
  • Зголемување на продажба на постоечки купувачи

Навистина ова се целите кои секој претприемач ќе сака да ги оствари.

Видови на презентација?

Врз основа на тоа што сакате да постигнете со презентацијата презентацијата може да биде:

1. Информативна презентација

Информативна презентција се користи кога сакаме да пренесеме некоја информација за некој настан кој што ќе следи или едноствно да ги информираме слушателите за нашите производи или пак услуги. Оваа презентација не е долга, туку едноставно доста концизна и поткрепена со факти при што се покажуват полезностите од користење на производот или услугата.

2. Убедувачка презентација

Овој тип на презентација се користи кога Вие се обидувате да го убедите слушателот да ја прифати Вашата понуда. Едноставно презентирајте го неговиот проблем и дека Вие сте тие кои најдобро можете да го решите тој проблем. Оваа презентација бара доста докази за Вашите претходни и тековни искуства со клиенти кои имаат сличен проблем.

3. Презентација за поттикнување на донесување на одлуки

Со оваа презентација Вие на крајот предлагате одредени акции за кои сакате слушателот да донесе одлука да ги превземе токму тие акции. Бидете концентрирани во однос на сето она што ќе гопоттикне лушателот да ја донесе вистинската одлука за Вас.

4. Поттикнувачка презентација

Целта на оваа презентација е да ги поттикнете уѓето за размислуваат за одреден проблем и можни решенија на тој проблем кои Вие ги нудите. Вообичаено една ваква презентација се користи за луѓе кои во моментот на презентација не се свесни дека имаат таков проблем. Со ваква презентација Вие ќе ги освестите за постоење на проблемот и ќе ги понудите Вашите решенија.

5. Инструкциска презентација

Инструкциска презентција се користи кога ги презентирате инструкциите за користење на решението на проблемот (вашиот производ или услуга). Целта со ова презентација е аудиенцијата да се увери во функционирањето на истата.

Врз основа на начинот на изведување на преентацијата истата може да биде:

1. Формална

Формална презентација претставува секоја презентација која е закажана и која треба да се изведе на одредено место во одредено време. Едноставно Вие закажувате да презнетирате на одредено место во одредено време на потенцијален купувач одредена презентација која претходно ја имате подготвено.

2. Неформална

Неформална презентација е презентација која воопшто претходно не се подготвува ниту пак се закажува, туку едноставно се случува.

Процес на креирање на презентација како маркетинг средство?

Како и секое друго маркетинг средство и оваа ќе бара претходна подготовка за да биде зголемен веројатноста за успехот. Како еден процес кој би можел да го предложам при користење и спроведување на презентацијата како маркетинг средство би бил:

  • Определување на целта на презентацијата
  • Избор на соодветен вид на презентација согласно поставената цел
  • Подготовка на презентацијата
  • Спроведување на презентацијата
  • Подготовка на неколку енформални преентации за различни можни случаи.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*