Приоритизација е важен процес за секој претприемач. Мора да се знае што е поприотитетно во однос на останатото и тоа да биде првата задача која мора да се заврши во соодветниот работен ден.
За соодветна приоритизација потребно е да се инсталира и соодветен процес од страна на претприемачот. Процесот има за цел да обезбеди дека претприемачот ќе го применува и секако ќе работи согласно аутпутот од истиот.
Да разгледаме еден таков процес.
- Определете еден ден во неделата кога ќе бреинстормирате задачи кои треба да ги реализирате во вашиот бизнис за следната недела. Мора да имате време за спроведување на процесот. Најдобро е еден ден во неделата да го одвоите за планирање на задачите кои ќе треба да ги завршите следната недела.
- Дефинирајте ги сите луѓе од вашиот тим кои можат да работат на некои од задачите. Во вашиот бизнис не сте само вие и не можете да очекувате дека сиот товар ќе го понесете само вие. Започнете со дефинирање на луѓе кои може да бидат дел од бреинстормираните задачи од претходниот чекор.
- За секоја задача определете рокови. Разгледајте ги задачите и за скоја од нив определете рок до кога ќе треба да се заврши.
- Од листата со задачите од првата точка одделете ги оние кои можете да ги делегирате. Определете кои се задачи можете и треба да ги делегирате.
- Делегирајте ги задачите за делегирање. сега веќе можете и формално да го спроведете делегирањето.
- Поделете ги задачите кои остануваат за вас согласно роковите – за секој ден задачи кои се за тој ден. Понатаму, поминете на задачите кои остануваат за вас. Едноставно распределете ги за деновите во неделата. Секоја задача да си има определено ден.
- Приоритизирајте ги задачите во однос на деновите кога треба да ги завршите. Поминете секој ден, и направете приоритет на задачите, така да наприоритетните ќе ви бидат први на листата за тој ден.
- Секој ден од следната недела започнете го со најприоритетните задачи. Кога ќе ја имплементирате вашата “да направам” листа секогаш започнувајте од најприоритетната задача за соодветниот ден во кој се наоѓате.
- Определете време да ги проверите и задачите што сте ги делегирале. Но, не се само вашите задачи. Вие имате и делегирано и сте должни да го следите завршувањето на тие делегирани задачи. Затоа, определете еден ден, кога ќе проверите дали се што сте делегирале е завршено и дали има некои проблеми каде би можеле да реагирате.
Speak Your Mind