post

Процес на безхартиено работење – Мора ли хартиена форма

Продолжуваме со нашата главна тема за оваа година на претприемач – процес за безхартиено работење.

Во минатиот наслов од оваа тема зборував за едно клучно прашање кога станува збор за дојдовна хартија, а тоа е дали таа мора да биде процесирана или не.

Сега ќе одиме со следното нешто што се наоѓа на нашиот процес дијаграм, а тоа е првата одлука која ќе треба да ја донесеме кога седнуваме да креираме нешто без разлика дали станува збор за Word документ или пак email, а тоа е мора ли да креираме и хартиена верзија или мора ли да креираме хартиена форма на копија заради нашата архива.

Мора ли хартиена верзија

Веќе знаете кога станува збор за процес на безхартиено работење, вие имате дојдовна хартија која ја процесирате на некоаков начин, но имате и хартија каде што вие лично сте креатор на истата. Главното прашање во овој дел од процесот, односно во делот каде вие креирате хартија е дали мора да креирате и хартиена верзија.

Нашата цел е да го намалиме износот на хартија која вашиот бизнис ја креира преку следново:

  • Се онаа што не бара хартиена верзија да се процесира електронски,
  • Онаму каде што навистина е потребна хартиена верзија да се направи обид делумно да се процесира електронски.

Во минатото (мислам за пред неколку години) се анализирав себеси, а и сите со кои сум работел на некаков начин и знам дека користевме еден пристап во кој на пример, доколку добиеме email порака која е важна и по која треба нешто да се постапи, ја принтаме и ја ставаме во физичкиот Inbox за процесирање на задачи. Тоа беше непотребно и тогаш и денес и нема потреба да се изведува. Едноставно, денес тој email може да оди директно во вашата апликација за менаџирање на вашите задачи. На пример, јас го користам OmniFocus за менаџирање на задачи и PostBox за менаџирање и процесирање на email пораки при што директно од PostBox можам да креирам задача која ќе влезе во Inbox-от на OmniFocus. На ваков начин заштедувам и време и на печатена хартија, но и обезбедува поголема фокусираност на мојата работа.

Кога креирате документ прво и основно е да се запрашате следниве прашања:

  • Мора ли тој документ да го печатам или можам да го процесирам електронски (испратам, потпишам, архивирам…)?
  • Доколку мора да го имам документот во хартиена форма во колку копиии може најмалку да биде испечатен? Можно ли е само една копија, а за останатите да бидат дигитални копии?

Оваа се клучните прашања кои ќе ви обезбедат целосно или максимално намалување на процесирање на хартија која вие ја креирате.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*