post

Процес на организациски промени – Зошто ти треба?

Инкрементални промени Живееме во време кога промените се нешто што спаѓаат во категорија мора кај бизнисите. Од друга страна, пристисокот од околината ги тера претприемачите постојано да работат на наоѓање на подобри начини да го подобрат сопствениот бизнис. Подобрувањата бараат промени.

Секој ден кога ќе дојдеш на работното место размислуваш за можни подобрувања. Тоа е еден процес на промени. Понекогаш мали подобрувања во кратки периоди, понекогаш големи проекти во подолги периоди кои имаат големо влијание на подобрување на секојдневните бизнис операции.

Но, прашањето е како можеш да продолжиш да работиш на процесите на организациски промени, кога понекоша можат да бидат и повеќе од еден истовремено, а да останеш фокусиран на важните деловни информации обидувајќи се да најдеш начин за подобрување на тие процеси?

Тука, кога зборувам за организациски промени, мислам на сите можни промени во една организација, а не само на организацискиот дизајн во твојот бизнис. Може да имплементираш промени во трошочната структура, подобрување во технологија, во продажни и маркетинг процеси…

Во моето лично искуство, понекогаш работам на неколку различни процеси на промени. Некои од нив рапидни, со големо влијание на перформансите, а некои од нив помали секојдневни подобрувања. Она што ми треба и она што го сакам е да имам можност да ги менаџирам тие различни процеси поефективно и да најдам начини за подобрување на циклусите на слични проекти на организациски промени.

Да видиме зошто ти треба формален или пишан процес на организациски проемни.

Let’s see why you need some formal, or written on the paper organizational change procedures.

#1 Брзо започнување со промените

Процесот на организациските промени ќе ти помогне брзо да започнеш со промените. Доколку имаш нешто напишано, што ќе ти каже кои треба да бидат твоите следни чекори ќе биде многу поедноставно за започнување. Тука не размислуваш за подобрување на самата имплементација, размислуваш само да започнеш колку што може побргу. Запомни дека твојот бизнис функционира во многу динамична околина, и секое одложување на започнување може да биде штетно за твојот бизнис. Сакаш секогаш да бидеш еден чекор пред конкуренцијата.

#2 Го намалува отпорот кон промените

Процесот на организациски промени во формално издание може да го намали отпорот кон тие промени. Кога луѓето знаат дека промените се нешто нормално, и што може да очекуваат во иднина во текот на имплементацијата тогаш веројатноста за појава на отпор кон промени ќе биде многу помала отколку да работиш и да ги имплементираш промените без дефинирани процедури. Размисли малку за ова. Што за тебе ќе биде поприфатливо, да работиш на нешто за што знаеш кои ќе бидат следните чекори, или да работиш вo сосема неизвесна околина? Твоите процедури за организациски промени ќе ја намалат таа неизвесност.

#3 Промените се константа која мора да се имплементира

Мора да знаеш дека промените се една голема константа во твојот бизнис. Мора да се промениш себеси, или пазарот ќе те проемни. Во таков случај, ти не си личноста која ќе ја има контролата за иднината на твојот бизнис. Затоа и мора секогаш да бидеш инволвиран во некои процеси на промени. Докоилку имаш прецизно дефинирани процеси за организациски промени, ќе ти биде поедноставно да ги менаџираш истите.

#4 Лесно можеш да го забележиш сопствениот прогрес

Твојот процес на организациски промени ќе ти овозможи на тебе како на еден претприемач брзо да го видиш прогресот кој го правиш со секој од процесите на имплементација. Брзо ќе можеш да ги откиреш сите можни “тесни грла” кои се опасни за процесот, и ќе можеш брзо да ги елиминираш. на таков начин ќе ја подобриш имплементацијата во стилот “подобрувај како што имплементираш”. Тоа е голем императив за секој претприемач.

#5 Ќе можеш да ги видиш можните подобрувања за иднина

Кога работиш во согласност со прецизно дефинирани процедури, ќе можеш да ги видиш можните подобрувања за во иднина, и поради тоа секогаш ќе имаш подобар процес во следните циклуси на организациски промени. Ова се нарекува континуирано подобрување на процесот.

Не ти треба премногу време да го дефинираш твојот процес на организациски промени. Но, ти ќе треба да го следиш и подобруваш секогаш кога ќе го имплементираш. Она што ќе го добиеш вреди за вложениот напор и време за дефинирање на процесот.

Што мислиш за твојот процес на организациски проемни? Го имаш ли на хартија или било каква друга форма?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*