post

Процес од 6 чекори за да завршите се

Дали целта на зголемување на продуктивноста е секогаш, ама баш секогаш се што е на листата за завршување за денес биде завршено?

промени чекори

Оваа прашање ме мачи долго време. Долго време сметав дека еден од факторите за анализа на продуктивноста е завршување на се онаа што е планирано. Но, сепак како се повеќе се играм во мерење на мојата лична продуктивност и како се повеќе им помагам на претприемачите за нивната лична и компаниска продуктивност сфаќам дека топа не е точно.

Зошто сметам дека не е точно? Затоа што секогаш, односно во повеќе од 90% од случаите погрешно го планираме денот. Едноставно научени сме да планираме погрешно. Сега повторно се наметнува прашањето зошто сме научени да планираме погрешно? Затоа што планот не може да ја земе во предвид неизвесноста која секој ден ни се наоѓа над нашата глава. А, не не научиле како да се справуваме со неизвесноста. Не научиле само да планираме. Тоа е факт.

Во овој наслов сакам да презентирам еден процес кој ќе има 6 чекори и кој ќе ви помогне секогаш да забршите се што треба да завршите. Забележете, велам се што треба да завршите, а не да завршите се. И добро, сега веднаш ќе си кажете повторно исто, приоритизација, фокусираност, обврзување… Да, тие се важни, но за тоа веќе имам пишувано и повеќе отколку што треба. Тука сакам да стане збор за нешто сосема друго.

Мора да напоменам дека овој процес, односно овие чекори ги презедов од Џон Акуф и неговата книга насловена како „Старт – удерете го стравот во лице, избегнете просечност и работете работа која нешто значи”. Во таа книга процесот е во пет чекори, а јас додадов еден чекор плус, односно првиот кој се однесува на навики.

Зошто ги ставив навиките. Забележувам дека кога работиме често пати во ист кош со работните задачи ги ставаме и навиките, односно рутините кои што сакаме да ги постигнеме. На таков начин листата се повеќе и повеќе станува се поголема. Навики и рутини се нешто што сакаме да стане постојаност во нашиот секојдневен живот и тие треба да се бележат, следат и спроведуваат сосема одвоено од работните задачи кои сакаме да ги завршиме во теквониот ден. Навика може да биде секојдневно вежбање, или пак намалување на пушење, рано станување или пак нешто друго што сакаме да се вклопи во нашиот живот без да мислиме дали ќе го заборавиме или што ќе се случи ако не го спроведеме. Едноставно го спроведуваме без листа.

Затоа и извршив една промена во мојот систем за продуктивност за кој пишував тука повеќе пати. Едноставно за работни задачи користам OmniFocus кој има конкретни активности кои треба да ги завршам секојдневно, а за навиките користам една нова апликација насловена како Habit List во која имам ставено 15-тина потенцијални навики/рутини кои сакам да ги спроведам.

Сега, да преминам на процесот па повторно ќе се навратам во однос на навики/рутини.

  1. Одвојте ги потенцијалните навики/рутини од дневни задачи.
  2. Признајте си дека веројатно нема да постигнете да завршите се.
  3. Прифатете го овој факт како реалност, а не како неуспех.
  4. Завршете ги работите кои можете да ги завршите со целосно внимание.
  5. Прославете го онаа што се случува во чекорот 4 наместо да бидете обсесивни со работите кои не можете да стигнете да ги завршите.
  6. Повторете ги чекорите ако треба.

Сега, еден од најважните мои следни чекори беше да си признаам дека не можам се да завршам. Па, како го направив тоа. Првин во моите дневни навики/рутини имав точка да завршам се што има на мојата „да направам” листа за денес (во мојот случај OmniFocus). Веќе по неколку дена гледам дека таа навика/рутина не можам да ја реализирам, што значи дека не станува навика/рутина. Тоа е веќе притисок. Онаа што го направив и што ми овозможи да се чувствувам многу подобро е промена на името на навика која сакам да ја поседувам, а тоа е од заврши се од листата во заврши повеќе од половина на листата.

Тоа е тоа. Се чувствувам доста подобро. Си давам поголема слобода и креирам нова навика. Се сеќавате на видеото насловено како „КАИЗЕН промени заради постигнување на крупни цели”. Секојдневно со мали чекори и мали подобрувања до вистинската цел.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*