post

Како да ја пронајдете вашата инспирација

Вашата инспирација како еден претприемач претставува важен дел од вашата секојдневна работа. Мора да бидете инспирирани доколку сакате да го приближите вашиот бизнис до вашата визија, и успехот дефиниран со таа визија.

инспирација

Како да ја најдете вашата инспирација која ќе ви помогне секогаш да бидете инспирирани за се што правите во вашиот бизнис?

Како прво инспирацијата претставува ваше лично чувство кое ќе ве стимулира да бидете поактивен и покреативен за темите за кои сте инспирирани. Кога сте поактивен и покреативен за нешто, резултатот на работата која ја изведувате ќе биде со подобар квалитет.

5 Совети за да ја пронајдете вашата инспирација

Тука, би сакал да споделам пет совети кои може да ви помогнат да ја подигнете вашата инспирација на следно ниво.

  1. Секогаш разгледувајте околу вас од различни аспекти и различни точки на гледишта. Различен поглед од различни точки на гледишта во иста работа околу вас ќе ве инспирира да направите нешто за тоа што го разгледувате, особено кога ќе откриете различни можности за вас и вашиот мал бизнис. Кога ги разгледувате работите размислувајте за можностите кои тие може да ви ги понудат доколку преземет акција, затоа што кога го гледате крајот каде што вие сте победникот, инспирацијата за таа акција ќе биде многу поголема.
  2. Инспирацијата е секогаш околу вас на места на кои што никогаш не би мислеле дека ќе ја најдете. Различни лица ќе се инспирираат на различен начин и на различни места. Навистина немате лимити од каде инспирацијата ќе ви дојде и затоа не ограничувајте се да го користите секое место за кое сметате дека има позитивна енергија и ве инспирира. Понекогаш тоа место може да биде вашето работно место, вашиот дом, библиотека, кафетерија, инспиративни продавници… Важно е да бидете таму кога навистина ви треба инспирација за нешто.
  3. Доколку се чувствувате безнадежно затоа што не можете да се инспирирате за нешто, едноставно направете пауза и размислувајте за нешто друго. Понекогаш, инспирацијата едноставно не доаѓа без разлика што правите за да се инспирирате себеси. Доколку се чувствувате безнадежно затоа што не можете да се инспирирате за нешто, не очајувајте. Дури и најголемите умови во светот и најкреативните луѓе имаат повеќе денови без инспирација отколку со инспирација. Едноставно, направете пауза и размислувајте за нешто друго, нешто за што сметате дека ви дава поголема инспирација во моментов.
  4. Доколку немате инспирација за преземање на акции, земете читајте некоја инспиративна книга. Многу идеи, многу креативни размислувања и можности можете да најдете во инспиративните книги кои ќе ви донесат поголема инспирација за вас самите. Секогаш имајте инспиративни книги околу вас и секогаш кога сметате дека нивото на вашата инспирација опаѓа едноставно започнете со читање.
  5. Доколку немате инспирација за нешто, слушајте инспиративна музика и одморете го вашиот мозок. Доколку сакате да ја реанимирате вашата инспирација, вашиот мозок ќе треба да се релаксира и одмори. Слушање на инспиративна музика ќе ви помогне во релаксирање и одмарање на вашиот мозок. На таков начин, ќе ја зголемите креативноста и инспирација за преземање на нешто важно.

Прашање: Што вие како претприемач користите за зголемување на вашата инспирација? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*