post

Пронајдете за што имате пасија! Таа е основа за вашиот следен бизнис

Општо познато е дека успешните бизниси во голем дел се базираат на пасијата на претприемачот кој ги започнува.

Пасија претставува лично чувство, емоција за силен позитивен афинитет во однос на нешто што сакаме да го работиме.

Овој наслов всушност претставува дополнување на постот од пред скоро 3 години насловен Како да откриете за што имате пасија. Таму наведовме дека:

Доколку сте возбудени и имате ентузијастички емоции и позитивен афинитет за вашето започнување на бизнисот, најверојатно е дека ќе имате добра пасија за претприемничката кариера која сте ја избрале.

Да, за да имате успешна кариера како еден претприемач ќе мора да имате пасија за она што ќе го работите во бизнисот.

Подолу се дадени неколку стратегии, односно вежби кои можете да ги направите за да ја пронајдете вашата

#1 Нацртајте го вашиот животен времеплов

Иако на Facebook го имате вашиот времеплов, сепак тој не е во детали и секако не е целосен. Затоа искористете ја идејата од Facebook и обидете се на еден график во вид на времеплов (права линија од детство, тинејџерство, студентски денови, првата работа…) да ги наведете работите кои ви останале во паметење, ви оставиле некаков впечаток, сте се чувствувале добро…

Логиката е дека ако нешто ви оставило впечаток, сте го запаметиле, тоа нешто е многу вредно во вашиот живот. Тука се кријат многу можности за откривање на вашата вистинска пасија, можеби нешто и подзаборавено.

#2 Опишете го вашиот идеален ден

Опишете како сакате да изгледа вашиот идеален ден. Не како е сега, туку како би сакале да изгледа во иднината и вашите активности или однесувања во тој еден идеален ден.

Така можете да дојдете до она што сакате да го правите или она што би требало да го направите за да го направите тој ден да биде реалност.

#3 Направете листа со вашите идоли

Сигурно имате идоли од бизнис светот како кои би сакале да бидете. Направете една листа на сите нив и обидете се да направите приказна за нивниот живот, но и нивниот просечен работен ден.

Што е она што тие го прават за да живеат онака како што живеат? Во одговорот се кријат многу елементи кои ќе ја дефинираат вашата пасија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*