post

Разлика помеѓу мажи и жени претприемачи

Жени претприемачи

Жени претприемачи

Голем број на истржувања ги обработуваат проблемите кои произлегуваат од половиот стереотип. Карактеристиките на успешни претприемачи повеќе им се препишуваат на мажите отколку на жените. Тие произлегуват од традиционалното сфаќање дека претприемаштвото е машка работа, дека машките имаат поголемо работно искуство поради биолошките функции на женитеe (раѓање и одгледување на деца), кое влијае на помалото образование и работно искусто. Но, сепак како што е нагласено тоа е традиционалното сфаќање, а не модерно сфаќање.

Стереотип е ако се мисли дека сите жени се помалку способни за бизнис од мажите. Заради разбивање на стереотипот ќе ги разгледаме некои од разликите т.е. сличностите помеѓу женското и машкото претприемаштво.

Секое компаративно истражување кај мажите и жените претприемачи повеќе ги нагласува сличности отколку разликите. Испитувањето на вредносните системи покажало дека вредносните системи кај мажите и жените претприемачи имаат повеќе сличности отколку разлики.

Едно истражување спроведено меѓу жените претприемачи и мажи претприемачи покажало дека во големиот број на аспекти не постоеле значителни разлики. Жените добиле повеќе поени во поглед на автономијата и промените, а помалку во поглед на енергијата и прифаќање на ризикот. Значи жените претпочитаат поле на дејствување каде што е возможно ново и различно искуство со мали ограничувања, со извесен степен на сигурност за исходот и со помало ангажирае на физички и ментални капацитети.

Со истражувањето е утврдено дека помеѓу половите не постојат разлики во поглед на желбата за успех, автономијата, истражувањата, агресијата, независноста, конформизмот, сфаќањето на целта, самодовербата, раководењето и контролата.

Со утврдува дека половиот стереотип е главна причина за нееднаквото образование и искуство, што ги ограничува можностите за отворање и проширување на претпријатијата па врз основа на тоа се формираат стереотипи од типот на надреденост на мажите.

Едно поново истражување спроведено од Vivek Wadhwa и објавено на TechCrunch, кое се однесува на анализа на 652 основачи на бизнис од техничка индустрија и549 основачи на компании од останати брзо растечки индустрии покажало дека скоро и да нема разлика меѓу мажите и жените претприемачи. Како заенички карактеристики се покажале:

  • Силна желба за подобар живот.
  • Сакаат да профитираат на бизнис идејата.
  • Биле привлечени од културата на започнување.
  • Имале долгогодишна желба да поседуваат сопствен бизнис.
  • И на мажите и жените им здодеало да имаат шеф.
  • Возраста во периодот на започнување на бизнисот е во просек иста.
  • Ја започнуваат компанијата во период кога имаат сличен број на деца дома.

Но, истражувањето покажало само една разлика, а тоа е дека жените добиваат повеќе финансии од бизнис партнери во однос на мажите. Интересно, зошто ли е тоа така? 🙂

Жените по својата интелегенција, способност, снаодливост… во никој случај не заостануваат зад мажите. Значи тие реално ги заслужуваат тие позиции (тоа е практично веќе докажано).

Резултат на ваков полов стереотип е тоа што жените претприемачи имаат повеќе финансиски проблеми отколку мажите. Но, се чини од истражувањето погоре и единствената разлика, жените интелигентно го надминуваат проблемот на финансии. 🙂

Има мислења дека жените не се доволно воинствени, меѓутоа и да се покаже како точна оваа констатција жените со упорноста и истрајноста можат да го надоканадат борбениот дух.

Дали е точно дека светот на бизнисот е свет на војна, а жените по природа не се борбено настроени и дали е реална претпоставката дека во деловните односи со жените претприемачи некои мажи можат да бараат сексуални услуги? Констатациите во прашањето можат да бидат точни. Сепак во деловен однос помеѓу маж претприемач и жена претприемач во првиот момент мажот ќе ја забележи само сексуалноста на жената, а не бизнисот за кој станува збор. Но, од друга страна токму таа сексуалност на жената која е поснаодлива може да доведе до вистински резултати. 🙂

Некои типично женски особености, како што се способноста за соживување со туѓи проблеми, емоциите, силно изразената желба за интеграција, изразениот талент за комуницирање, снаодливоста и слично се плус или минус во женското претприемаштво, посебно во делот кога фирмата треба да се управува. Навистина, бизнисот не познава емоции и туѓи проблеми и потреби, освен емоциите и проблемите за сопствениот бизнис кои даваат енергија за напредување.

Има мислења дека жените потешко можат да се прочитаат од мажите, па тоа во деловните разговори може да биде значајна предност во т.н. невербално комуницирање. Тајни, мислења, идни насоки за дејствување, стратегии и планови ќе си останат неоткриени од претприамачот од другата страна, што претставува силна предност во фаза на преговарање и договарање.

Постои мислење дека жените се повнимателни од мажите кога е во прашање започнување на бизнис. Едно истражување спроведено од мрежа на женски бизниси Everywoman покажува дека жените повеќе внимание посветуваат на планирање на нивниот бизнис (55% од жените работат на бизнис планот во однос на 34% од мажите). Оваа истражување исто така покажало дека жените претприемачи повеќе внимание посветуваат на поставување на профитни таргети за разлика од мажите.

Едно друго истражување покажало дека жение го дефинираат успехот различно од мажите. За жените успехот означува поседување на контрола над нивните сопствени судбини, градење тековни односи со клиенти (потрошувачи) и работење на нешто многу поисполнително.

Жените претприемачи најчесто сакаат да работат во малопродажба, домашните ракотворби, шиењето и други услуги, како и работи кои можаат да се извршуваат од дома. Но има бизниси што ги поседувале жените кои подоцна прераснале во голем бизнис. Овие бизниси започнале како и сите бизниси – мали, но набргу пораснале.

Жените доминираат во услужните дејности. Според истражувањата во иднината односот замјоделство-индустрија-услужни дејности ќе биде во корист на услугите. Тоа говори дека тие се наоѓат во секторот кој во наредниот период ќе доживува раст.

Воочена законитост е дека голем дел од фирмите што ги поседувале жените остануваат мали. Зошто бизнисот останува мал? Дали е тоа избор на жените или има други причини? За оваа има повеќе причини. Едната причина се финансиите. Бизнисите што ги поседуваат жените би растеле побргу доколку се овозможи еднаков пристап до капиталот каков што го имаат мажите. Жените почнуваат бизнис со помалку пари (иако поновите истражувања велат дека се поснаодливи во однос на мажите). Втора работа е желбата на жените да ја имаат контролата во свои раце на бизнисот што го поседуваат и го одржуваат на нивото кое им овозможува задоволство при работење. За жените флексибилноста е поважна од парите.

За крај можеме да кажеме дека овој полов стереотип заснован на вредносните системи е неоснован.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*