post

Сакаш повеќе купувачи? 6 работи кои твоите купувачи сакаат да ги слушат од тебе

Што е она што купувачите сакаат да го слушнат од еден претприемач за да обезбеди поголема продажба за бизнисот?

Дали ти како еден претприемач сакаш повеќе продажба? Има ли некој кој не сака повеќе продажба? Повеќе продажба значи поголем приход, но и поголема профитабилност за твојот бизнис.

Ти имаш нешто да кажеш и го користиш тоа за да привлечеш купувачи кон твојот бизнис. Но, дали е тоа исто што и тие сакаат да го слушнат од тебе? Кога зборуваш со нив, им помагаш ли? Дали тие се задоволни со севкупните односи со тебе и твојата компанија?

Доколку сакаш повеќе купувачи, но не било какви купувачи, туку задоволни купувачи, мора да го прилагодиш твоето кажување со она што тие сакаат да го слушнат од тебе, но исто така и да го испорачаш она што си го кажал или ветил.

Ајде да бреинсторимираме некои идеи за тоа што твоите купувачи сакаат да го слушнат од тебе. Откако ќе ги прочитате речениците подолу мора да ги провериш со твојот бизнис и да ги направиш вистинити уште пред да започнеш со зборувањето.

  1. Купувачите сакаат да слушаат за решенија за нивните проблеми, а не за карактеристики на твоите производи или услуги. Иако твоите производи и услуги имаат карактеристики кои ги решаваат проблемите на купувачите, твоите купувачи не сакаат да размислуваат и да ги трансформираат карактеристиките во можни решенија за нивните проблеми. Некогаш, но и почесто имаш само неколку секунди за објаснување на твојата понуда. Зошто би им кажувал тешко разбирливи карактеристики кога едноставно можеш да им помогнеш за подобро да ја разберат твојата понуда?
  2. Купувачите саката да слушаат за нивни потреби и нормално за начините како да ги задоволат тие потреби. Секој од твоите купувачи има свои сопствени потреби кои се разликуваат од потребите на другите. Тие сакаат да чујат од тебе како може да ги задоволат нивните персонализирани потреби.
  3. Купувачите сакаат да слушнат за помошта која ти и твојот бизнис можете да им ја пружите. Како можеш да им помогнеш? Постои ли нешто друго без некоја поврзаност со твојот бизнис, а ти можеш да им помогнеш? Може ли да им дадеш квалитетни совети за подобрување на нивниот живот? Една работа е помошта со твоите производи и услуги, но друга работа е помош на лична основа неповрзана со никаква купопродажба. Доколку можеш да помогнеш, кажи дека можеш да помогнеш и помогни. На таков начин ќе ја подобриш сопствената и на севкупниот бизнис репутација и кредибилитет.
  4. Купувачите сакаат да те слушат тебе како човечко суштество, а не како бизнис или автоматизирана машина. Да, ти и твоите купувачи сте човечки суштества како прво. Мора да разговараш со нив на истиот начин како што разговараш со секого во твојот приватен живот. Ти како еден претприемач исто така си човечко суштество со свои сопствени проблеми, потреби, знаење, искуство… Сподели ги со твоите купувачи, и тие ќе ги споделат нивните со тебе. Знаењето кое ќе го стекнеш ќе биде вредно за тебе и затвојот бизнис.
  5. Купувачите сакаат да слушнат за повраток на инвестиција кога ги купуваат твоите производи или услуги. Секој кој инвестира некаков вид на ресурси како пари, време, или напор ќе сака да знае што добива за повраток. Како нивните животи ќе бидат подобри? Колку време ќе треба за да го добијат она што го сакаат од твоите производи или услуги? Колку време ќе им треба за да ја вратат инвестицијата во твоите производи или услуги? Тоа се прашањата кои ти ќе треба да ги одговориш за нив.
  6. Купувачите сакаат да слушнат и за други луѓе на кои ти или твојот бизнис им имате помогнато во минатотот. Повеќе луѓе на кои ти или твојот бизнис им имате помогнато во минатото ќе донесат повеќе купувачи за твојот бизнис. Мора да зборуваш за проблемите на другите луѓе и за решенијата кои твојот бизнис им ги понудил за да ги решат тие проблеми. Мора да зборуваш и да го покажеш искуството на другите луѓе со твојот бизнис, нивното задоволство и нивното мислење за тебе. Најмоќните приказни кои ќе ја зголемат твојата репутација и кредибилитет се приказни на другите луѓе, не твои приказни.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*