post

SEO – Оптимизација за пребарувачи

SEO - Оптимизација за пребарувачи Во претходните 10-тина дена имаше еден серијал на написи за оптимизација за пребарувачи (SEO) на претприемач. Бидејќи останаа некако расфрлани се одлучив да ги групирам во овој еден со линкови до секој дел.

Овој серијал всушност претставува еден почетнички водич за спроведување на една ваква оптимизација на Вашиот веб сајт. Па така она што беше опфатено е следново:

  1. SEO – Оптимизација за пребарувачи – Маркетинг средство 60. Овој напис беше најава на серијалот за оптимизација за пребарувачи како еден вид на маркетинг средство на претприемач. Тука навлегов во некои основи на SEO и некои претходни постови во кои ја чепнав оваа проблематика.
  2. Што претставува SEO? SEO не значи измама за да пребарувачот смета дека токму твојата веб страна треба да се појави меѓу првите кога некој пребарува за нешто на интернет. SEO едноставно значи да се прилагоди веб страната за да се обезбеди полесна достапност од страна на пребарувачите…
  3. SEO – Основни столбови – Столб 1 – Клучни зборови. Во овој пост се наведените трите основни столбови на еден SEO процес и целосно се навлезе во првиот од трите столба – истражување и анализа на клучни зборови. Овој столб е еден од најважните столбови за еден SEO процес. Велам најважен бидејќи и останатите два столба ќе ги користат информациите од овој столб.
  4. SEO Основни столбови On-Page оптимизација. Овој наслов се однесува на вториот столб на овој процес. Во овој столб спаѓаат фактори и елементи на кои што вие имате влијание и се наоѓаат на Вашиот сајт и слободно можете да ги менувате, едитирате или организирате, а во исто време имаат влијание на појава на вашата веб страна на резултатите на пребарувачите…
  5. SEO Основни столбови – Off-Page Фактори. Овој наслов се однесува на третиот столб на овој процес. Основата на овој столб е да имате повеќе влезни линкови со подобар квалитет за да имате подобро рангирање на страната со резултати на пребарувачите.
  6. Блогирање како дел од SEO стратегија. Блогирање е една од најдобрите алатки кога станува збор за SEO, особено што претставува и како посебно маркетинг средстви и како алатка за подобрување на Вашите напори во однос на SEO процес…
  7. SEO – Дали размена на линкови вреди? Овој наслов се однесува на размената на линкови што всушност третиот столб ве тера да го правите. Се обидов да презентирам неколку информации и сознанија за ова преку тестирањата и анализите кои ги имам спроведено.
  8. SEO – Алатки кои може да се користат. Во овој последен пост од овој серијал дадовме кратка презентација на најважните алатки (бесплатни) кои можете да ги користите и комбинирате за целиот овој SEO процес кој го опфативме досега.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] многу пишувано, нагаѓано и образложувано за SEO – оптимизација за пребарувачи во однос на тоа кои се поважни фактори, кои се помалку […]

  2. […] средство на претприемач – клучни зборови. Во серијалот на постови за SEO веќе пишував за клучни зборови како прв столб на еден […]

  3. […] маркетинг средство на претприемач. Во серијалот за оптимизација за пребарувачи веќе навлеговме во одреден дел на оваа тема, но сепак […]

  4. […] повеќе постови кој можете да го прочитате во насловот SEO – Оптимизација за пребарувачи. Пред едно 2 месеци објавив некои резултати од една […]

  5. […] зборови. Како и за SEO и овие кампањи бараат клучни зборови. Затоа посебен […]

  6. […] социјални медиуми има значење за нашиот бизнис? – Дали SEO сеуште треба да има голема улога во градење на […]

  7. […] рангирање кога Google ги прикажува локалните резултати од […]

Speak Your Mind

*