post

Што да содржи профилот на вашиот купувач?

Знаеме дека зборуваме за целни купувачи, оние вистинските од кои што ќе зависи вашиот бизнис. Тие се живот или смрт за вашата компанија и нивното правилно дизајнирање, односно препознавање со прецизен опис претставува важна основа за многу ваши претприемачки активности.

На пример, целните купувачи или оние “вистинските” купувачи за вашиот бизнис ќе бидат основа за вашето истражување на пазарот бидејќи ќе ви обезбедат фокус на високо ниво во однос на насоките кои треба да ги изберете во самото истражување како што се на пример, извори на информации, валидноста на информациите, квалитетот на добиените информации и начинот на нивна анализа за да се извлече знаењето кое ќе ви биде потребно. Потоа, вашите маркетинг активности во целост ќе се базираат на профитло на вашите купувачи, односно профилот на вашиот целен купувач.

Профилот на вашите купувачи претставува лична карта на вашиот купувач, но и мапа за иднината на вашиот бизнис.

Во секој случај, задачата која ја поставувам со овој пост ќе биде доста важна за вас како претприемач и вашиот бизнис во целост.

Идејата за овој наслов е поттикната од десетиците прашања кои во изминатиов период ги добив од вас и кои на некој начин се однесуваа токму на прашањето од насловот на овој пост.

Но, пред да започнам со набројување на онаа што ќе треба да го содржи профилот на купувачите, сакам да напоменам дека не мора да се држите ниту до редоследот ниту до комплетната содржина. Тука се нафрлани само идеи кои треба да ви послужат единствено како патоказ, а не како комплетно решение за вашиот бизнис. Оваа е поради фактот што различни бизниси, кои оперираат во различни индустрии и пазари и кои имаат различни купувачи ќе имаат и различна потреба од различни информации во профилот на купувачите.

Па ајде да видиме што можете да вклучите во дизајнот на вашиот профил на купувачи.

  • Локација каде се наоѓа
  • Приходи
  • Пол
  • Возраст
  • Едукација
  • Брачен статус
  • Семеен статус
  • Број на деца
  • Работна позиција
  • Купувачки навики
  • Главен интерес
  • Кој има влијание на него?
  • На кого има влијание тој?
  • Занимање
  • Станбен статус (поседува или изнајмува дом)
  • Навики во поглед на јадење
  • Активности надвор од работата
  • Хоби
  • Возачка дозвола
  • Вид на автомобил кој го вози
  • Старост на автомобилот кој го поседува
  • Домашни миленичиња
  • Религиозни сфаќања
  • Политички погледи
  • Здравствена состојба

Се надевам дека ја гледате поголемата слика од корисноста на овие податоци. Мора да сфатите дека колку повеќе податоци собирате и анализирате за вашите купувачи толку повеќе знаење ќе абсорбирате кое ќе ви помогне во донесување на важни одлуки во вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*