post

Што е она што го убива твојот бизнис?

Убиство на сопствениот бизнис

Убиство на сопствениот бизнис

Дали знаеш кој навистина го убива твојот бизнис? Дали е тоа конкуренцијата? Или пак твоите потрошувачи кои едноставно не сакаат да ги купуваат твоите производи и услуги? Или пак твоите вработени?

Ништо од горенаведеното во прашањата нема вистински потенцијал да го убие твојот бизнис. Ти, како еден претприемач си личност која може и има потенцијал да ја убие сопствената компанија.

Веројатно сте го поминале чувството кога ништо не оди од рака и како претприемач се обидувате да го барате виновникот надвор од себеси, или пак надвор од твојата компанија.

Нешто не е како што треба, но треба да започнеш од себеси како некој кој има огромен потенцијал за да го убие сопствениот бизнис.

Доколку конкуренцијата направи нешто за што сметаш дека го убива твојот бизнис, ти можеш да имплементираш промени за да ја задржиш или пак повратиш сопствената конкурентска предност. Но, доколку ги игнорираш промените кои треба да ги направиш во сопствениот бизнис, тогаш ти си оној кој го убива сопствениот бизнис, а не твојата конкуренција.

Доколку твоите потрошувачи не ги купуваат твоите производи, иако ти сметаш дека тие се најдобрите на светот, ќе мора да се запрашаш следново: Дали моите производи и услуги се нешто што решаваат вистински проблеми за моите потрошувачи? Доколку не го одговориш прашањето или пак не откриеш што сакаат твоите потрошувачи, тогаш ти си тој кој ја убива сопствената компанија.

Доколку твоите вработени се нешто фатално за твојот бизнис, ти ќе можеш да ги едуцираш, да ги обучиш или пак во краен случај да ги смениш со други. Можеш да го подобриш процесот на регрутација за да ги најдеш најдобрите за твојата компанија. Ти си шефот. Ти носиш одлуки, и ти си одговорен за убивање на бизнисот, а не твоите вработени.

Што мислиш сега, кој е оној кој го убива твојот бизнис? Ти, твоите конкуренти, твоите потрошувачи, твоите вработени…?

Секој од овие гореспоменати елементи можат да допринесат во убивање на твојот бизнис, но ти си личноста која може да ги спречи.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*