post

Што еден купувач очекува од вас и вашиот бизнис?

Прашањето од овој наслов доколку го одговорите на вистинскиот начин во голем дел ќе може да ви биде гарантиран успехот како еден претприемач или пак еден бизнис воопшто.

купувач

Што еден купувач очекува од вас и вашиот бизнис?

Времето во кое вашиот бизнис денес функционира едноставно бара постојано барање на одговори токму на оваа прашање. Иако можеби повеќе пати досега оваа тема беше „начната” на претприемач, сепак тука би сакал да навлеземе малку во некои идеи за одговори на оваа прашање. Но, мора да ви биде јасно дека можете да ги искористите сите овие идеи и да ги тестирате или пак само дел од нив, но можете и да додадете ваши идеи или пак идеи кои не се тука наведени, а доаѓаат директно од вашите купувачи. Значи не се ограничувајте само на онаа што ќе го прочитате тука, бидете флексибилен за прифаќање на идеи од една страна и сосема нефлексибилен во тестирање и имплементација на истите.

  1. Очекување 1: Проблемот заради кој дошол кај вас да биде решен.
  2. Очекување 2: Да бидете некој кој ќе му пружи помош.
  3. Очекување 3: Да биде почитуван од сите вработени во вашата компанија.
  4. Очекување 4: Учтивост од страна на сите вработени во вашата компанија.
  5. Очекување 5: Насмевка од страна на сите вработени во вашата компанија.
  6. Очекување 6: Љубезност од страна на сите вработени во вашата компанија.
  7. Очекување 7: Вие, вашите вработени и вашиот бизнис воопшто да бидете некој на кого можат да му веруваат.
  8. Очекување 8: Да бидат поттикнати и охрабрени кога купуваат.
  9. Очекување 9: Да бидете и вие и сите ваши вработени искрени дури и кога сметате дека не треба целосно да сте искрени.
  10. Очекување 10: Да ги исполните ветувањата во однос на испораката на врендоста како што е навременост и достапност.
  11. Очекување 11: Малку повеќе од нормалните, односно стандардни очекувања.
  12. Очекување 12: Неприкосновена услуга и сервисирање.
  13. Очекување 13: Прилагодување на вас, вашиот тим и вашиот бизнис воопшто кон неговите специфики.
  14. Очекување 14: Лојалност од ваша страна за да бидат и тие лојални кон вас.
  15. Очекување 15: Добро да ги познавате.

Тука имате 15 идеи од кои поголемиот дел излегуваат надвор од онаа суштинска вредност која ја нудите, но сепак мора да бидат разгледани и опфатени во вашата севкупна понуда. Затоа:

  1. Познавајте ги вашите купувачи,
  2. Разберете ги нивните потреби и очекувања,
  3. Реализирајте ги нивните потреби и
  4. Надминете ги нивните очекувања.

На ваков начин ќе стекнете огромна конкурентска предност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*