Дали твојот продажен тим има доволно знаење за твоите потенцијални купувачи?
Дали знаеш кои се најважните работи кои твојот продажен тим треба да ги знае кога се обидува да ги продава твоите производи или услуги?
Имам искуство кога продавачи од иста компанија ќе ме контактираат неколку пати со истата понуда која претходно ја имам одбиено. Гледам дека тие не знаат ништо за мене, моите потреби, моите бизнис потреби и било што друго поврзано на некој начин со мене и нивната понуда. Како ќе ги знаат тие работи кога не знаат кога ме повикале претходно, каков бил резултатот од тој повик и зошто сум ја одбил нивната понуда. Тоа воопшто не е професионално.
Знаењето кое твојот продажен тим го има за потенцијалните купувачи претставува еден елемент во кој е содржано високо ниво на бизнис потенцијална енергија.
Едно од поважните прашања кои ти како еден претприемач треба да си ги одговориш е кои се најважните работи кои твојот продажен тим треба да ги знае пред да повикаат или се обидат да организираат состанок со потенцијален купувач.
Подолу е дадена една листа на тие најважни работи во форма на прашања кои доколку ги одговориш ќе го зголемиш знаењето и веројатноста еден потенцијален купувач да стане купувач за твојот бизнис.
- Дали оваа компанија или тој потенцијален купувач е мој идеален купувач?
- Што таа компанија или потенцијален купувач прави?
- Како го прави тоа што го прави?
- Кои се нивните најважни купувачи?
- Што нивните купувачи најмногу вреднуваат?
- Како ние можеме да помогнеме во подобрување на она што нивните купувачи вреднуваат?
- Како нашите производи или услуги ќе им помогнат?
- Колку години таа компанија е во бизнисот?
- Кои се потенцијалните одлучувачи за межен бизнис со нас?
- Колку долго одлучувачот е во компанијата?
- Што треба да знаеме за тој одлучувач?
- Каде е канцеларијата на тој одлучувач?
- Како тој одлучувач сака да биде контактиран?
- Што се случува во нивната индустрија?
Овие 15 прашања се дизајнирани за бизниси на бизнис продажба, но дел од нив може да се искористи и за бизнис на потрошувач продажба. Она што е важно е дека одговорот ќе им даде многу можности на твојот продажен тим кога си ја изведуваат нивната работа.
Различни купувачи имаат различни навики и однесување, но и потреби. Продажниот тим мора да биде подготвен за секој специфичен состанок доколку сака да успее.
Speak Your Mind