post

СИНЏИР УЧЕЊЕ – ЗНАЕЊЕ – МОЌ

Знаењето претставува една од најголемите потенцијални енергии на секој бизнис. Доколку претприемачот има знаење, тоа е негово. За него не плаќа камата на банки како за финансии кои претставуваат друга потенцијална енергија на бизнисите. Знаењето не може да го изгуби како парите. Тоа останува засекогаш во главата или поточно во мозокот на претприемачот и се користи за постигнување на успеси на бизнисот.

Знаењето е моќ. Моќта различно се деифинира од различна научна дисциплина. Физиката моќта ја дефинира како износ на извршена работа во единица време. Ако знаењето предизвикува моќВие ќе можете да извршите поголема работа во единица време. Точно. Доколку нешто знаете, проблемот побргу ќе го решите. Во однос на социолошкиот аспект, Max Weber ја дефинира моќта како можност која постои во социјални односи и која овозможува некој да ја наметне својата сопствена волја дури и ако постои отпорност кон тоа. Просто кажано, оној кој има моќ ја наметнува својата волја на другиот кој нема моќ да се спротивстави на тоа. Ако знаењето ви дава моќ вие тоа ќе го искористите да наметнете своја волја врз некој друг. Точно. Со знаење наметнувате сопствена волја на вработени, на снабдувачи (одложено плаќање, пониски цени), на купувачи при продажба итн.

Но треба да се опфати уште еден елемент во овој синџир знаење – моќ, а тоа е дека знаењето е последица на учењето. Човекот не се раѓа со знаење. Бебето кога се раѓа нема ништо во мозокот. Во текот на живото се посетуваат различни едукациски училишта (основно, средно, високо…), различни дополнителни курсеви, различно практично искуство кое се претвора во учење а потоа во знаење.

За претприемачите карактерисично е што постојано треба да учат и со тоа да го збогатуваат своето знаење, а со тоа и сопствената моќ. Со моќен претприемач и бизнисот е моќен. Со мала или воопшто без инвестиција можете да станете навистина моќен. Сега е моментот на вистинската одлука за учење и постојано учење. Само мала инвестиција во знаење може да ви донесе огромен упех. Затоа запомнете го синџирот:

УЧЕЊЕ – ЗНАЕЊЕ – МОЌ

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] за тоа што значи знаење? Можете да прочитате за синџирот учење – знаење – моќ. Овие кампањи со кои секојдневно сме бомбардирани […]

Speak Your Mind

*