Во реалноста вие како еден претприемач ќе се најдете себеси во повеќе ситуации во кои едноставно не знаете што да направите како следно. Тоа е нормално, и не постои место за појава на сомневање во себеси или пак страв. Тука ќе објаснам 5 работи кои ќе можете да ги направите доколку се најдете во таква позиција.
Повеќе пати се имам најдено себеси во ситуација кога навистина не знам што да правам. Тоа беа навистина фрустрирачки ситуации пред да успеам ефективно да ги менаџирам.
Таквите ситуации се опасни за секое лице, а особено за претприемачите. Таквите ситуации ќе можат да го скршат вашиот цел свет за момент и не дозволуваат брзо враќање во реалноста. На пример, доколку не знаете што да направите како следно, лесно ќе:
- Започнете да се сомневате во себеси. Оваа е најлошата можна ситуација во која можете да се најдете. Не можете да бидете претприемач доколку се сомневате во себеси.
- Станете личност која стравува. Едноставно ќе стравувате да преземете акција дури и ако најдете решение за следните чекори. Стравот е еден од најголемите непријатели на претприемачите. Ќе започнете да мислите за резултатите во форма на најлоши можни сценарија што пак од друга страна ќе го зголеми стравот да започнете со преземање на нешто.
- Ќе ја чувствувате неизвесноста. Иако неизвесноста секогаш ќе биде околу вас, кога ќе се најдете во ситуација кога не знаете што понатаму, таа ќе биде поголема.
Како можете да си помогнете себеси за да излезете од оваа безнадежна ситуација во која се наоѓате кога не знаете што понатаму?
Еве некои можни решенија за вас.
-
Отворете го вашиот план и започнете со изведување на нешто некомплексно и кога ќе завршите вратете се на иницијалниот проблем. Во многу случаи, подобро е да се одложи донесувањето одлука за следната акција наместо да се донесе лоша одлука во паника, или пак да се најдете во безизлезна ситуација сомневајќи се во себеси, чувствувајќи страв и неизвесност.
Одлична стратегија е да го промените вашиот фокус од иницијалниот проблем и да започнете со преземање на нешто не толку комплексно кое што бргу ќе го завршите. На таков начин, ќе ја зголемите вашата самодоверба и енергија поради зголемено чувство на постигнување.
Кога ќе се вратите на иницијалниот проблем, ќе биде полесно да најдете решение и вистинска насока во форма на следни чекори.
-
Запрете со било каква работа, земете пауза, очистете го умот и вратете се повторно да продолжите. Друга стратегија која можете да ја користите кога не знаете што понатаму и да направите пауза наместо да работите на нешто друго. Заморот често пати може да биде извор на вашата блокада и незивесноста за следните чекори.
Кога ќе се одморите и се вратите со чиста глава на иницијалниот проблем лесно ќе забележите колку сте попродуктивен.
-
Фокусирајте се на следните можни акции. Повеќе пати кога работите на решавање на различни проблеми за вашата компанија размислувате на повеќе аспекти за можните решенија или чекори.
Каков ќе биде резултатот? Во право ли сум или не? Што доколку погрешам?
Овие прашања ќе ве блокираат со многу работи кои најверојатно не се важни за вашата тековна ситуација. едноставно заборавете на резултатите и фокусирајте се само на следните чекори, но бидете свесни дека и доколку погрешите лесно ќе ја поправите грешката.
-
Зборувајте со некого и побарајте помош. Понекогаш кога навистина не знаете што понатаму единственото решение може да биде да разговарате со некого кој може да ви помогне за можните решенија.
Не ви требаат негативни личности кога се наоѓате во ваква ситуација, туку ќе ви требаат инспиративни и позитивни индивидуалци кои и да не знаат ништо за вашата тековна ситуација ќе имаат потенцијал да ве мотивираат да го преземете следниот чекор.
-
Започнете веднаш со правење нешто. И секогаш можетеда направите нешто без разлика на резултатите. Едноставно преземете нешто и следете дали треба да направите некои корекции доколку нешто отиде во несакана насока во однос на вашата одлука. Секога ќе имате можност да ги поправите работите.
Важно е брзо да излезете од една ваква ситуација и да започнете со правење на нешто. Преземање на акција ќе ве оттргнат од можните негативни сценарија опишани на почетокот во овој наслов.




Speak Your Mind