post

Спроведете ги следниве вежби за да бидете пофокусиран претприемач

Вие сте претприемач и сигурно веќе знаете колку работи треба да завршите, колку акции треба да преземете и колку неизвесности околу вашиот бизнис треба да менаџирате.

Да се биде претприемач не е лесен и едноставен процес. За оваа повеќе пати имаме пишувано тука.

Но, не можам да кажам дека не можете да избегнете таква ситуација и фрустрација. Да, можете да бидете во позиција да си обезбедите себеси доволно слобода и фокус на најважните работи за вашиот бизнис кои едноставно ќе ви помогнат во растењето на вашиот бизнис. Премиум претприемач 2.0 е дизајниран токму да ви помогне во оваа намера.

Но, да започнеме со вежбите.

Првата работа во процесов е да станете пофокусиран претприемач. Пофокусиран не значи дека ќе треба да се фокусирате на повеќе работи со тоа што ќе го менаџирате вашиот фокус. Пофокусиран претприемач значи дека ќе треба да станете претприемач кој ќе се фокусира на помалку, но сепак најважни работи кои ќе обезбедат успех за вашиот бизнис.

Чекор #1: Каде најмногу го трошите вашиот фокус?

Започнете со подготовка на една листа за тоа каде го трошите вашиот фокус денес. Размислете за се што правите или го имате на вашата листа за правење.

Чекор #2: Треба да прекинете со…

Што треба да прекинете да правите, а го правите денес?

Едноставно одговорете го оваа прашање додека гледате во вашата листа која ја направивте во претходниот чекор.

Размислете за работите во кои не уживате. Размислете за работите кои не додаваат вредност за вашиот бизнис, вашите купувачи…

Чекор #3: Треба да го зголемите вашиот фокус на…

Доколку правилно ја имплементирате вежбава, со претходниот чекор вие веќе сте означиле повеќе од 80% на работи кои тековно ги изведувате, а кои треба да прекинете вие да ги спроведувате.

Така, ако вашата листа содржи 100 работи каде го трошите вашиот фокус сега ќе имате 20 работи кои треба да ги разгледате во овој трет чекор.

Разгледајте ги тие работи и размислете за тоа каде треба да го зголемите вашиот фокус. Започнете со анализирање на вредноста на секоја од ативностите која се додава на вашиот бизнис или вашите купувачи. Оваа е одлична стартна позиција која ќе ви каже каде треба повеќе да бидете фокусирани.

Чекор #4: Што со работите кои ќе треба да прекинете да ги спроведувате?

Сега, кога веќе знаете што треба да не правите и каде треба да биде зголемен вашиот претприемачки фокус ќе мора да донесете одлука што со работите кои веќе нема да ги правите.

Едноставно имаме две алтернативи:

  • Избишете некои од работите кои ги спроведувавте порано и едноставно заборавете ги.
  • Делегирајте некои од работите на вашиот бизнис тим.

Сигурно некои од активностите кои нема да ги изведувате можете едноставно да ги избришете и да ги заборавите, но некои ќе мора да продолжат да се изведуваат. Затоа сега е време да размислите за делегирање на некои активности на некој од вашите вработени.

Тоа е тоа. сега можете да бидете пофокусирани на 20% најважни активности за вашиот бизнис, активности кои додаваат вредност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*