post

Инспиративно видео: Реализирање на соништа од детството

Се започнува од нашето детство, нашите соништа без никакви ограничувања во сонувањето.

Се сеќавате кога се беше можно? Кога се качувавме на дрвата без да мислиме дали ќе паднеме? Или кога скокавме од различни висини без да мислиме на последиците?

Оваа е одлично инспиративно видео каде Randy Pausch зборува за неговото искуство и дава совети како да ги постигнете вашите цели и соништа.

Вредно е да потрошите време да го изгледате целото предавање.

post

[Видео] Иновација во стилот на “Вруќ ветар”


Не, не, не… Воопшто не ни е потребен таков луксуз.

Мало видое во кое едноставно сакам да го нагласам погрешниот процес во самата иновација. Се однесува на иновација во алкохолни пијалоци кои не опиваат во една од најпопуларните серии во поранешна Југославија.

Но, иновацијата пазарот не ја сака. Сепак, оној кој консумира алкохол сака да се опие. Доколку не сака ќе си пие сок.

post

[Видео] Зголемување на продуктивноста со QuickEver


Продуктивноста, односно зголемување на продуктивноста е важна задача на секој претприемач.

Доколку користите Evernote тука е една апликација за iPhone која едноставно го поедноставува процесот на пишување на белешки.

Погледајте го оваа кратко видео, а очекувајте повеќе вакви видео материјали на се она што ќе ми остави впечаток како корисно.

post

[Видео] Лансирање на бизнисот

Пред неколку недели напишав еден наслов за клучни фактори при определување на времето за лансирање на еден нов бизнис. Во тој текст опфатив 4 клучни услови кои се важни и треба да бидат исполнети пред започнување на самиот бизнис. Тие услови се:

  • Да постои вистинска вредност за купувачите.
  • Да биде подготвен бизнис екосистемот.
  • Системите и процесите во бизнисот да бидат дизајнирани.
  • Да биде реализиран процесот на развој на купувачи.

Со видео презентацијата подолу сакам да презентирам едно дообјаснување на тие услови.

post

[Видео] Инспиративно – Успех по многу неуспеси

Едно инспиративно видео во кое може да се најдат повеќето претприемачи со еден од најголемите кошаркашкки легенди – Michael Jordan.

post

[Видео] Инспиративен говор на Ал Пачино

Можностите се насекаде околу нас. Дури и да не ги гледаме (да ги нема, да не ги препознаваме), можеме да ги креираме. Сепак процесот не е лесен.

Прашањето е дали сакаме да ги откриеме или креираме. Дали можеме да го понесеме товарот на одговорноста.

Оваа видео е извадок од филмот Any Given Sunday, во кој Ал Пачино има инспиративен говор пред рагби тимот. Станува збор за искористување на можностите и нивно постојано подобрување преку константни мали промени (инч по инч, или пак милиметар по милиметар, чекор по чекор…)

Вреди да се погледа.

post

[Видео] Инспиративно – вистинска приказна за еден столар

Се што работиме, се што правиме, се што преземаме има своја цел. Во најголем број на случаи целта е подобрување на светот во кој што живееме самите ние, но и на другите луѓе.

Често пати споменував за една цврста врска помеѓу претприемачот, бизнисот и купувачот и нивните цели. Доколку на еден од овие ентитети целите не бидат исполнети, нема да се исполнат ниту целите на останатите два ентитети.

Во овој пост би сакал да споделам едно навистина инспиративно и мотивациски настроено видео преку кое може да се забележи таа врска.

post

[Видео] Моќта на мрежите

Дали треба да се коментира моќта на мрежите, особено во еден комплексен свет во кој живееме?

Интересно видео на оваа тема.

post

[Видео] Видови на купувачи

Купувачите како “срцето” на секој бизнис се единствените кои овозможуваат нормално функционирање на бизнисот.

Но, сепак потребно е да се знае дека тие се многу покомплицирани отколку еден индивидуалец за кој сметате дека е ваш купувач.

Во видео презентацијата се дадени неколку видови најзначајни купувачи кои имаат или ќе имаат влијание врз вашата продажба и бизнисот воопшто.

post

Видео: Влијание на временската перспектива

Многу елементи влијаат на нашето размислување, а со тоа и на нашите конкретни чекори што сме ги направиле, што ги правиме и што ќе ги направиме во иднина.

Интересна анимација и презентација на Професор Philip Zimbardo кој зборува за 6 главни временски зони во кои живеат луѓето кои се ориентирани на минатото, сегашноста и иднината и кои имаат влијание на нашето размислување и преземање на одредени акции или насоки во животот.

Во видеото можеби се начнува и темата зошто сегашниот начин на образовниот систем не ги дава резултатите кои ги посакуваме.

Видеото вреди да се погледа.