post

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ НА ПРЕТПРИЕМАЧ

Следниве видео материјали се изготвени од страна на pretpriemac.com и се објавени на блогов:

  • Два видео материјали за ABC анализа и Microsoft Excel. ABC анализа е корисна алатка за малите бизниси во однос на избор на производи кои допринесуваат најмногу во износот на приходите или успехот на бизнисот. ABC анализата не мора да се користи само во однос на контрола на залихите и избор на вистинските производи туку може да биде користена и како 80/20 правило за било кој бизнис процес. На пример, тие и тие процеси кои изнесуваат 20% придонесуваат 80% за успешност на бизнисот.

Како да се исконструира табелата за ABC анализа:

Изработка на график за претходно изработената анализа:

  • Третото видео е видео кое ќе ја зголеми Вашата ефективност и ефикасност при пребарување на интернетот, а од друга страна може да служи како социјален сајт за стекнување на разни пријатели и можни идни бизнис партнери. Оваа видео се однесува на користење на delicious.com за бележење и организирање на интернет страниците кои ви оставиле некаков впечаток и кои мислите дека ќе ви затребаат во иднина.

  • Четвртото видео се однесува на „бизнис ефектот на пеперутка“ и има за цел да поттикне пронаоѓање на елементите на бизнисот кои ќе доведат до еден бизнис ефект на пеперутка, односно со мали промени до големи успеси.

Во секој случај ќе следуваат уште видео материјали од подрачјето на малите бизниси и претприемништвото кои може да се најдат како корисни за водење на малите бизниси на претприемачите.

post

ВИДЕО: КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ DELICIOUS ЗА БИЗНИС ЦЕЛИ

Оваа е трето видео во серијалот на видео материјали на блогот на претприемач. Претходните две се однесуваат на изведување на ABC анализа со помош на MS Excel. Оваа видео се однесува на еден социјален сајт за обележувачи кој освен за поврзување со луѓето од целио свет може да ви помогне во брзо изнаоѓање на квалитетни информации кои сте ги пронашле на интернет и сте ги обележале во delicious.

Зошто се наметна причината за приоритет за оваа видео? Како прво безброј пати ми се случило да дојдам на некој начин до некоја веб страница која набрзина ја прелистувам но немам време да ја прочитам во целот. Но, кога ќе имам време и сакам да ја прочитам не можам лесно да дојдам до неа. И тогаш почнува играта на зборови и гуглање (пребарување на google).

Како некое решение за овој проблем ги користев bookmarks или Add to Favorites системите на интернет прелистувачите. Но, по некое време и аму настана хаос. Така да ми одземаше време во средување по фолдери, но и се појави ефектот го гледаш, а не го видиш. Понекогаш нешто се наоѓа пред вас но никако не можете да го видите, а тоа создава нервоза.

Понекогаш користев и MS Word документ во кој ги собирав линковите кои сакав да ги прегледувам повторно, но и тоа не беше некое ефикасно и ефективно решение.

Од друга страна постојано се зголемува бројот на достапните информации на интернетот како и бројот на веб страните на кои има квалитетни информации, без разлика дали станува збор за едукативни или забавни содржини. Со голем број на информации, но не средени е исто како да немаш информации. Сватив дека мојата ефективност и ефикасност е на ниско ниво па постојано барав начин како да ја зголемам и како да направам некој систем кој ќе ми ја зголеми и ефективноста и ефикасноста. Кога ми го препорачаа обучувачите од Австралија на една виртуелна обука која ја посетувам веднаш го испробав системот и навистина ми помогна да бидам посреден во однос на интернет информациите и пронаоѓањето на истите. Па затоа сакам да ја споделам оваа информација со Вас.

Преку оваа видео ќе научите за тоа:

  1. Што претставува delicious
  2. Кои се предностите од користење на delicious
  3. Како да отворите акаунт на delicious
  4. Како да складирате обележени страници на delicious и
  5. Како да ги користите обележувачите

Инаку пред да го изгледате видеото како практичен пример за подесување и користење можете да го прочитате постот: delicious средство за прибирање и складирање на информации.

Но да не должиме многу, повелете изгледајте го видеото и дајте Ваш коментар за истото може да придонесе за подобрување на квалитетот на идните содржини.

post

ИЗРАБОТКА НА ГРАФИК ЗА ABC АНАЛИЗА СО ПОМОШ НА MS EXCEL

Ова видео претставува продолжение на претходното за користење на MS Excel во изработка на ABC анализа. Графичката претстава е поедноставна за разбирање од табеларната и со само еден поглед може да се забележат кои производи спаѓаат во категорија А, кои во B, a кои во C.

 

post

KAKO СО MS EXCELL ДО ABC АНАЛИЗА

Овој видео материјал е со цел да Ви помогне во изработка на ABC анализа со Microsoft Excel. Некој можеби е понапреден и ќе може да го користи во убрзана верзија, некој може да кликне на пауза. Ова е најпрост облик на ABC анализа. За демонсттрација е користен е MS Excel 2007 додека претходните верзии се поразлични единствено во линијата на алатки. Така само знакот на сума може да биде проблем (но тоа е истиот знак ∑). Полесно се наоѓа во претходните верзии. Она што е важно е дека ќе треба доколку имате софтвер за продажба податоците да ги пренесете во MS Excel, а пак доколку немате електронска евиденција на продажбата рачно од Вашите тетратки внесете ги во табелата. Можеби ќе изгубите еден ден, но верувајте ќе ви даде насоки за иднина кои се повредни од еден ден работа. Погледајте го видеото и ќе видите колку е едноставно да се направи ABC анализа.

Откако ќе завршите со анализава прикажана на видеото Вие ќе ги имате вашите производи (материјали или услуги) поделено во 3 категории. Направете го следново по анализата:

  1. Насочете се на категоријата A (имајте ги на залиха секогаш во доволни количини).
  2. Производите од категорија B држете ги во помала количина од А но пробајте на некој начин да ги префрлите во B со зголемување на продажбата на истите.
  3. Производите од категоријата С или елиминирајте ги или најдете начин дел од истите да ги префрлите во категорија В, па потоа во А.

Така ќе се насочите поефективно и поефикасно кон системот за управување со залихи и ќе ги откриете производите кои не ви носат приход, а со тоа ни профит.