post

Тестирајте ја вашата бизнис идеја преку следниве 11 прашања

Вам ви требаат бизнис идеи доколку сакате да станете претприемач. Ви ребаат бизнис идеи доколку сакате да останете пред конкуренцијата. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да бидете лидери на пазарот. Ви требаат бизнис идеи доколку сакате да ги задоволите тековните купувачи и да привлечете нови.

Но, кога зборуваме за бизнис идеи и тука постои 80/20 правило кое ни кажува дека 20% од сите ваши бизнис идеи ќе ви донесат 80% успех во вашите намери. Секоја бизнис идеја нема да биде редна за имплементација денес.

Затоа ќе треба да ги тестирате вашите бизнис идеи пред да започнете со процесот на имплементација на истите.

Тука се презентирани 11 прашања кои можете да си ги поставите и да ги најдете одговорите кои ќе ви помогнат во вашите напори за тестирање на вашите бизнис идеи.

1. Кои се моите целни купувачи?

Мора да започнете со целните купувачи кои ќе треба да ги знаете доволно добро пред било што друго. Кои се тие? Како можете да ги опишете во термин на нивни проблеми и потреби? Каде вашата бизнис идеја и нивните проблеми и потреби ќе се состанат? Овие прашања се важни и мора да ги одговорите пред да поминете на останатите прашања.

2. Каде се моите целни купувачи?

Кога знаете кои се тие, ќе мора да откриете каде се наоѓаат вашите целни купувачи. Сите ваши целни купувачи денес имаат два вида на локации каде можете да ги најдете. Првата е нивната физичка локација како нивниот дом, канцеларија каде работат, локални продавници каде купуваат, ресторани каде излегуваат на вечера… Вториот вид на локација е нивната виртуелна локација како социјални мрежи каде го трошат нивното време или блогови кои ги читаат. Вие ќе мора прецизно да ги специфицирате овие два вида на локации каде што ќе можете да ги најдете вашите целни купувачи.

3. Кои се нивните најголеми потреби и проблеми кои јас треба да ги задоволам или решам?

Досега веќе знаете кои се тие и каде се наоѓаат. Така да сега е време да размислите подлабоко за нивните проблеми и потреби. Секој има свои сопствени проблеми и потреби, така и вашите купувачи имаат свои потреби и проблеми. Доколку можете да ги откриете нивните потреби и проблеми и ги интегрирате во вашата бизнис идеја ќе бидете на вистинскиот пат за да успеете.

4. Како мојата бизнис идеја ќе им помогне?

Сега можете да продолжите со одговорот на оваа прашање кое ќе ви каже како вашата бизнис идеја ќе биде интегрирана во процесот на решавање на нивните проблеми или задоволување на нивните потреби. Доколку лесно ја пронаоѓате врската помеѓу вашата бизнис идеја и нивните проблеми и потреби, вашата бизнис идеја е на вистинскиот пат да успее и да му помогне на вашиот бизнис.

5. Како ќе им пристапам на моите целни купувачи?

Бидејќи веќе знаете каде се наоѓаат вашите целни купувачи преку одговорот на второто прашање тука, лесно ќе можете да креирате различни стратегии за да им пристапите. Видот на стратегии кои ќе ги користите ќе зависи од видот на локацијата каде вашите целни купувачи се наоѓаат. Едноставно започнете со бреинстормирање на различни начини со кои можете да им пристапите за секоја од локациите кои веќе ги дефиниравте во второто прашање.

6. Како можам да закажам состанок со моите целни купувачи?

Кога веќе дефиниравте како да им пристапите, можете да започнете со првите контакти и закажување на состаноци на кои ќе разговарате со нив за вашата нова бизнис идеја. Размислете за различните комуникациски канали кои можете да ги користите за да ги реализирате тие први контакти со нив.

7. Што треба да разговарам на првиот состанок со моите целни купувачи?

Сега е време да размислите за конкретните работи за кои ќе треба да разговарате кога ќе го имате првиот состанок со еден од вашите целни купувачи. Запомнете дека вашата цел е да ги тестирате вашите бизнис идеи и да прашате за можни идеи за подобрување. Подгответе план кој ќе ви помогне на состанокот со нив.

8. Како можам ефективно да ги слушам?

Овој процес бара двонасочна комуникација. Ќе треба да прашувате и да презентирате но и да очекувате фидбек од вашите целни купувачи. Затоа ќе ви треба ефективен процес на слушање кој ќе го користите кога ќе се состанете со вашите потенцијални купувачи. Многу идеи за подобрување на вашата иницијална бизнис идеја ќе дојдат токму од овие состаноци.

9. Каква ќе биде мојата понуда за нив?

Еден корисен тест кој можете да го спроведете кога ја тестирате вашата бизнис идеја е да ја тестирате вашата понуда која е содржана во вашата бизнис идеја. Бидејќи после се, вашата главна цел е да го зголемите успехот на вашата понуда. Оваа е перфектно време за започнување со тестирање на различни опции на понуда.

10. Што треба да направам по состанокот?

До сега веќе имате соберено различни информации директно од вашите целни купувачи, сега е време да ги подготвите вашите следни чекори согласно тие информации. Што треба да направите следно? Дали треба да смените нешто во вашата иницијална бизнис идеја? Што ќе треба да промените? Како ќе треба да ја смените вашата бизнис идеја? Овие прашања се важни затоа што ќе креираат еден активен план за вашата бизнис идеја.

11. Што треба да направам кога ги имплементирам нивните препораки во мојата бизнис идеја?

И на крајот кога ги имплементирате увидите од вашите целни купувачи во вашата основна бизнис идеја, едноставно можете да ги повикате и да им кажете дека вашиот нов производ или услуга базиран на вашата иницијална идеја може да направи се што тие посакале. Сега, вашата бизнис идеја е спремна за лансирање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*