post

Вашата најважна работа не се случува во вашата канцеларија

Вашата канцеларија веројатно е сеуште една од најважните во вашата работа, но во денешен свет на бизнисот, очигледно е дека значењето се повеќе се намалува.

канцеларија

Развојот на технологијата како интернето, облак решенија и социјалните медиуми едноставно ве прават вас и целиот ваш тим се повеќе и повеќе мобилни. Тоа е факт. Но, не само што стекнувате мобилност, туку и станувате попродуктивни.

Зошто сметам дека вашата најважна работа веќе не се случува во вашата канцеларија веќе или едноставно иднината нема да бара од вас поседување на физичка локација?

Ајде да видиме некои одговори на оваа прашање.

  1. Вашите купувачи се надвор од вашата канцеларија. Да, вашите купувачи во повеќето случаи се надвор од вашата канцеларија. Можеби некои од нив ќе дојдат кај вас, ќе зборувате и потоа ќе ја напуштат вашата канцеларија. Зошто би сакале да го поминете повеќето од вашето време во канцеларија? Како претприемач вие ќе треба да зборувате со вашите купувачи, да бидете близу нив колку што можете повеќе. Па, излезете надвор и вршете ја работата која нешто значи за вас и вашите купувачи, затоа што таа работа единствено може да биде завршена надвор од вашата канцеларија.
  2. Вашите снабдувачи се надвор од вашата канцеларија. Исто како и вашите купувачи, доколку имате снабдувачи тие се надвор од вашата канцеларија. Видот на односи кои ќе ги практикувате со вашите снабдувачи ќе има силно влијание на текот на материјалите низ вашиот бизнис. Па затоа, повторно излезете надвор од вашата канцеларија и разговарајте со снабдувачите, изградете силни релации со нив.
  3. Не се сите деловни процеси поставени во внатрешноста на вашата компанија. Денес некои деловни процеси не мора да бидат ексклузивитет само на вашите простории. Сеуште некои мора да бидат таму, но поголемиот дел може слободно да се изведуваат и надвор од вашите физички простории. На пример, комуникациските процеси може да се изведат од било каде и тие не бараат од вас да бидете во канцеларија за да имате состанок со вработени, купувачи, партнери… Овие активности можете да ги изведувате буквално од било каде.
  4. Вие и вашите вработени денес имате на располагање различни алатки кои може да обезбедат контрола од далечина на повеќето работи кои треба да бидат изведени во компанијата. Денес, нема да ви требаат милиони за да имплементирате далечинска работа во вашата компанија. Ви треба само силна желба и спремност да бидете колку што можете попродуктивен.
  5. Денес поважна е вредноста која ја испорачувате на вашите купувачи и не е важно каде се креира вредноста. Вашите купувачи го вреднуваат онаа што сте им го испорачале. Тие никогаш не вреднуваат место каде тие производи или услуги се креирани и кој работи на нивна креација. Тогаш, фокусирајте на онаа што навистина им значи на вашите купувачи.

Какво е вашето мислење во однос на трансфер на некои деловни процеси надвор од физичката канцеларија?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*