post

[Видео] Не се откажувај никогаш!

Патот на еден претприемач не е лесен пат! Тоа е факт, и не треба да се лажеме.

Од друга страна еден претприемач не е човек кој лесно се откажува. Претприемач има сон, има визија и ќе направи се за да ја оствари таа визија. И статистички е докажано дека најуспешните претприемачи имале тешки падови во својата кариера. Што би се случило доколку се откажале? Немаше да ги познаваме како успешни претприемачи.

Оваа видео е една вистинска приказна за она што значи да не се откажуваш. Станува збор за Derek Redmond кој доколку ја добиеше трката во нормални услови немаше да го знаеме. Немаше да го споделам оваа видео тука на претприемач. немаше да биде споделувано од илјадници луѓе низ светот. Немаше да добие аплауз од 65000 публика. А, ќе победеше. Но, упорноста да ја заврши трката која ја почнал, да стигне до целта без разлика што не победил сепак претставува вистинска мотивација. Со надчовечки напори да не се откажеш. Вреди поздрав!

Успехот не се мери само со победа. Сите сакаме да победуваме, но мора да бидеме истрајни за да ја реализираме таа победа. Важно е да ги започнуваме и завршуваме “трките” на претприемачкиот пат. И завршување без победа значи успех. Нормално, доколку го видиш.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*